Новиот Закон за сообраќај од денеска стапува во сила. Според него максималната дозволена брзина во населени места е 50 километри на час.
Зависно од пречекорувањето, глобата на лице место може да достигне и до 400 евра.
Новиот Закон за сообраќај од денеска стапува во сила. Според него максималната дозволена брзина во населени места е 50 километри на час.
Зависно од пречекорувањето, глобата на лице место може да достигне и до 400 евра.
„Македонија беше, е и ќе остане грчка“ – оваа провокативна порака ја испрати грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од реонот на Лариса.
Отворена е фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, а како што вели нејзиниот основач, ќа биде посветена на промовирање на македонската култура и традиција. Ќе иницира поддршка на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци и ќе се грижат за македонското културно и духовно наследство.
Физички нападнат полицаец во обид да застане тракторист кој превезувал огревни дрва. Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот на регионалниот пат Македонски Брод- Кичево.
Во последните 24 часа се издадени 2.582 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно странски државјани од кои 1.582 мажи, 319 жени, 529 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 152 деца кои патуваат без родител, соопштуваат од МВР.
Амбасадата на Руската Федерација и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денеска во Охрид ќе ја претстават Православната енциклопедија, што претставува прво вакво дело, кое го опфаќа Православието.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска до 9-ти октомври , ќе престојува во работна посета на Република Бугарија, каде што ќе учествува на конференција организирана од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија.
Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне 23 степени.
Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд земјава ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот.
Изутрината е прегазен пешак во населбата Ѓорче Петров. Лицето починало на самото место. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на улицата Ѓорче Петров, кога комбе со гостиварски регистарски таблички, управувано од 40-годишник, удрило во 75 годишниот пешак.
Семејните живинарски фарми ќе бидат субвенционирани од домашниот буџет и од ИПАРД фондовите, а ќе добиваат и поволни кредити од комерцијални банки.