Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат денес после полноќ спречија обид за шверц на 120 кг режан тутун.
-
Македонија 02.09.2015 14:47
-
Македонија 02.09.2015 14:36
Метео: Продолжуваат високите температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб до умерен северозападен ветер.
Во северните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.
Високи температури не очекуваат и во петок како и за време на викендот, особено во сабота.
-
Македонија 02.09.2015 14:35
Комплетна реконструкција на инфективното одделение во Велешката болница
Со намалувањето на трошоците за набавка на лекови за болниците се заштедуваат околу 250 милиони денари, вели ресорниот министер Тодоров. Средствата ќе се наменат за реконструкција на инфективното одделение во Велес.
-
Македонија 02.09.2015 13:11
Грант за самовработување на лица со инвалидност
Во тек е владиниот проект-грант за самовработување на лица со инвалидитет. Издвоени се 59 милиони денари. Надлежните нудат можност да се основа сопствен бизнис, а помагаат и во изготвувањето на бизнис идејата.
-
Македонија 02.09.2015 12:52
Издадени потврди на 1.487 мигранти
Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.487 странски државјани, од кои 939 се од машки пол, 203 од женски, а 288 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои патуваат без родител.
-
Македонија 02.09.2015 12:49
Новото средно училиште во Шуто Оризари ќе биде пуштено во употреба
Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на ново средно училиште во општина Шуто Оризари. -
Македонија 02.09.2015 11:07
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
Во Законодавниот дом седница на Советот за евроинтеграции. На дневниот ред јавна расправа по предлог- законот за безбедност во сообраќајот. Освен од пратениците, се очекуваат и експертските мислења како до поквалитетни решенија од областа на безбедноста на патиштата.
-
Македонија 02.09.2015 10:57
Судот ги отфрли снмките од прислушувањето како незаконити
Скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на одбраната на владините функционери, од предметот за случајот „Прислушување“ што беше оформен по кривичната пријава од СДСМ, да се издвојат снимките од телефонски разговори и траснкриптите, затоа што биле незаконски прибавени докази, соопштија од Судот
-
Македонија 02.09.2015 10:48
Изгаснат пожарот кој пустошеше над Велес
Ноќеска околу еден часот по полноќ изгаснат е пожарот што вчера попладне пустошеше над Велес. И натаму теренот го надлетуваат противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување заради превенција.
-
Македонија 02.09.2015 10:42
Добар род на оризот
Оризот добро се развива. Досегашните временски услови овозможуваат надпросечни приноси и квалитетен род.
Доколку се задржат до жетвата наесен оризопроизводителите се надеваат дека ќе соберат скоро 6 тони по хектар.










