Нова Демократија или Сириза, Алексис Ципрас или Евангелос Меимаракис ? Иако изборите кај јужниот сосед засега се со крајно неизвесен изход, во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно име, тој се чини ирелевантен.
-
Македонија 07.09.2015 11:11
-
Македонија 07.09.2015 10:36
„Ало докторе“: Регистрирани 1.042 повици за една недела
За една недела се регистрирани илјада и 42 повици на телефонската линија „Ало докторе“. Граѓаните најчесто бараат медицински совет за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и алергиски реакции.
-
Македонија 07.09.2015 10:33
Ново рочиште за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд рочиште за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното беше одложено поради отсуството на Заев.
-
Македонија 07.09.2015 10:25
Расте интересот за системите за наводнување „капка по капка“
Од 44 баратели 36 земјоделци годинава ќе добијат субвенции за системите за наводнување капка по капка.
За оваа опрема за производство на пченка, сончоглед и фуражни култури ќе добијат до 920 илјади, а за бунарите 360 илјади денари.
Вкупната вредност изнесува 6,5 милиони денари.
-
Македонија 07.09.2015 09:07
Почесна артилериска стрелба
По повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба. -
Македонија 07.09.2015 09:03
Локализиран пожарот кај Ротино
Локализиран е пожарот кој избувна синоќа кај битолското село Ротино. Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека пожарот бил пријавен околу 20 часот, а локализиран во 23 часот.
-
Македонија 07.09.2015 08:59
Скопската обиколница затворена за сообраќај
Скопската обиколница од 7 часот изутрина е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје. -
Македонија 07.09.2015 08:56
Прием во Собранието по повод Денот на независноста
По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вечер ќе приреди свечен прием.
-
Македонија 05.09.2015 12:29
АМСМ: Се чека за влез во Грција
На преминот Богородица на границата со Грција за излез од Македонија има задржување на возилата од 30 минути, додека на премин Дојран околу 15 минути. Подолги задржувања има на грчиот дел, за влез во Грција, соопшти АМСМ. -
Македонија 05.09.2015 12:26
Нови 1.462 бегалци влегле во Македонија
На влез во Македонија кај Гевгелија и понатаму пристигнуваат бегалци, најмногу од Сирија. Од јуни годинава се издадени потврди за намера за азил на вкупно 60. 421 странски државјани.









