На стартот на учебната година отворени се вратите на новото основно училиште „Живко Брајковски“ во општината Бутел. Има 25 училници, нови кабинети, опрема и библиотека. Од 2006-та досега за изградба и реконструкција на училишта од буџетската каса се искористени 50 милиони евра.
-
Македонија 01.09.2015 17:18
-
Македонија 01.09.2015 17:08
Нови 1,1 милион евра инвестиција во опрема во здравството
Покрај најавените инфраструктурни инцвестиции во здравството, ќе биде набавена и нова медицинска опрема на неонатологија на интензивната нега на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје и на Универзитетската клиника за гинекологија. Опремата чини 50 милиони денари.
-
Македонија 01.09.2015 17:00
5.500 пензионери догодина на бесплатна бања
5.500 пензионери следната година ќе одат на бесплатна бања, а 3.000 ќе користат викенд на државен трошок. Премиерот Груевски најави продолжување на овој проект наменет за највозрасната популација, за кој анализите покажуваат дека е многу добро прифатен.
-
Македонија 01.09.2015 16:30
Половина милион евра за инфраструктурата во Лозово
Со инвестиција од околу милион и 200.000 евра општина Лозово планира и реализира проекти од круцијално значење за општината и граѓаните. Со повеќе од 15 проекти ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, од кои 8 веќе се имплементираат.
-
Македонија 01.09.2015 16:07
Почна новата учебна година, околу 20.000 првачиња седнаа во училишните клупи
Одморот заврши – почнува потрагата по нови знаења.
„Јас сум прваче, ќе учам да читам и пишувам... Сам ќе доаѓам на школо...“, велат првачињата кои ги анкетиравме.
-
Македонија 01.09.2015 15:53
130 милиони денари за реконструкција на болницата во Битола
Доколку нема застој со тендерската документација за околу еден месец ќе започне најобемната реконструкција на битолската Клиничка болница по близу половина век од нејзиното постоење. Со инвестицијата од 130 милиони денари поделена во две фази, ќе со добие енергетски ефикасен објект.
-
Македонија 01.09.2015 15:31
Метео: Продолжува периодот на сончево и топло време
Продолжува периодот на сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.
Утре кон крајот на денот ќе настапи преодно локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено во западните делови од земјава.
-
Македонија 01.09.2015 15:13
Опозицијата се врати во Собранието
По 15 месеци бојкот, пратениците од СДСМ и коалициските партнери, се вратија во Собранието. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави целосно почитување на договорот од Пржино, и активна улога во Законодавниот дом. Прва обврска е изборот на специјалниот јавен обвинител до 15-ти септември.
-
Македонија 01.09.2015 15:12
Могерини за Балканот: Решавачко подобрување во БиХ и Македонија
Комесарката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека интеграцијата на Југоисточна Европа е од големо значење за Унијата и за Балканот, а за да се случи тоа, националните влади треба да се откажат од ривалитетите и да се концентрираат на заедничката регионална сора
-
Македонија 01.09.2015 13:33
Да се почитуваат препораките за заштита од топло време
Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека денеска и утре Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.










