Сончевото и многу топло време во Македонија продолжува. Утре ќе има појава на мала облачност во западните делови од земјава, ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 40 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Сончевото и многу топло време во Македонија продолжува. Утре ќе има појава на мала облачност во западните делови од земјава, ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 40 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Топлотен бран со температурa над 40 –от степен и висок УВ степен на зрачење. Македонија од понеделник влегува во портокалова алертна фаза. Жешкото време ги зголеми повиците во итната медицинска помош. Лекарите велат дека на удар се старите лица и хронично болните.
Иако измина една третина од летната сезона дванаесеттина плажи на охридското крајбрежје кои се издадени под концесија сеуште се необележани и немаат ангажирано спасители на вода.
Топло добредојде за екипата на МТВ во домот на семејството Сулимани. Овде, од рано утро се прославува Рамазан Бајрам, празникот со кој се заокружува светиот месец.
Државната кардиохирургија рамо до рамо со светските реномирани здравствени институции, оценува врвниот кардиохирург Омер Џемаили. Во изминативе два дена со тимот македонски кардиохирурзи извршил шест операции. Сите пациенти се во добра здравствена состојба и немаат потреба од интензивна нега.
И оваа година Црвениот Крст на Р.Македонија со Црвениот Крст од Струга на концесионерите на струшките плажи им обезбедија соодветен број на спасители согласно Законот.
Премиерот Никола Груевски упати честитка до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.
Големите верски празници секогаш се насочени кон создавање добри дела и верба дека одиме по вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата.
Министерството за внатрешни работи – Секторот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа пресече меѓународен канал за шверц со дрога при што заплени еден килограм и 300 гррама хероин, а од слобода лиши две лица македонски државјани.
Министерот за транспорт и врски изврши увид на градежните работи на патниот правец Велес-Штип кај Кадрифаково. Делницата е во должина од 11 километри и треба да биде готова до април идната година.