Со концерт на „Слаткаристика“ синоќа во градот под Марковите кули почна најголемата летна атракција во земјава „Пиво фест“. На 4-те фестивалски вечери се очекуваат над 350 илјади гости од земјава и од Балканот.
-
Македонија 17.07.2015 11:42
-
Македонија 17.07.2015 11:33
МВР: Управните служби во сите градови ќе работат и во сабота
Заради зголемениот интерес на граѓаните, управните служби на МВР во сите градови ќе работат и утре од 08 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути, за издавање на веќе изработените патни исправи, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи
-
Македонија 17.07.2015 11:17
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
По едномесечниот пост, во кој верниците со Исламска вероисповед се воздржуваа од храна и пијалаци од зора до зајдисонце, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Во џамиите во земјата се служеше утрински Бајрам-Намаз.
-
Македонија 17.07.2015 09:34
Груевски на ифтар вечера во пресрет на Рамазан Бајрам
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Фурхан Чако, синоќа во пресрет на големиот исламски празник Рамазан Бајрам присуствуваа на ифтар вечера која се одржа во Скопје.
-
Македонија 16.07.2015 17:10
Каракамишева: Дијалогот- алатка на модерната политика
Со постигнатиот договор Македонија излезе од политичката криза и сега земјата се враќа во нормалниот колосек на демократско функционирање – констатира професорката Тања Каракамишева. Вели дека дијалогот е единствената алатка на модерната политика.
-
Македонија 16.07.2015 16:01
Нормализиран сообраќајот на „Илинденска“ пред Владата
Булеварот „Илинденска“ повторно е прооден за сообраќај. По два месеца, опозицискиот Камп на слободата се распушти, а камперите си ги спакуваа шаторите. Уште од рано изутринава се чистеше сметот, се собираше покуќнината, се демонтираше бината.
-
Македонија 16.07.2015 15:32
Армијата ќе и помага на полицијата за справување со бранот бегалци
За справување со бранот мигранти во испомош на полицијата ќе бидат ангажирани припадниците на АРМ. Претседателот Иванов го најави ова по посетата на јужната гранична линија од каде доаѓа големиот наплив од илегални влегување на странски државјани.
-
Македонија 16.07.2015 15:07
Пресуда: Три години затвор за Верушевски
Не го вратил службениот пиштол кога престанал да работи во МВР. Поради ова, поранешниот прв човек на тогашната ДБК, Зоран Верушевски е осуден на три години затвор. Оружјето со марка “Црвена Застава“ го задолжил во 82-та година кога стапил на работа во Министерството и оттогаш е кај него.
-
Македонија 16.07.2015 15:02
Зелено светло за новиот предлог- закон за завршување на процесот на лустрација
Не се точни тврдењата на лустрираните дека процесот бил недемократски и неевропски. Лустрацијата ја спроведоа сите екс-комунистички земји,кои подоцна станаа членки на Европската Унија,вели еден од предлагачите на законот,Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 16.07.2015 13:09
Иванов: АРМ ќе помага на полицијата во справување со мигрантите
Армијата на Република Македонија (АРМ) ќе биде ангажирна да и помогне на полицијата во справувањето со бранот мигранти, најави претседателот и врховен командант на оружените сили Ѓорге Иванов, при посетата на јужната гранична линија на државата.










