Настанот што се случи во Гошинце не е за потценување, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи службите кои се надлежни за безбедност имаат капацитет да одговорат на задачите.
-
Македонија 24.04.2015 17:13
-
Македонија 24.04.2015 17:02
Еден час пократко работно време за угостителски објекти во станбени згради
Централната и локалната власт предложија - угостителски објект во станбена зграда само со дозвола на 51 насто од станарите, работно време до 23 часот, викендите и празниците до полноќ. На јавна расправа станарите и кафеанџиите ги судрија аргументите.
-
Македонија 24.04.2015 16:37
Заев бара повлекување на обвиненијата во случајот „Пуч“
СДСМ до јавното обвинителство достави над 10 илјади страници доказен материјал, за како што рече Заев, конструираните случаи „Пуч“ и „Поткуп“. Тие содржат повеќе од 100 илјади разговори и над 18 илјади СМС пораки.
-
Македонија 24.04.2015 16:12
Во ПССЕ потпишана Декларација „Осуда на недемократскиот обид за преземање на власта во Македонија“
„Ние ја поддржуваме итеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО и сметаме дека евроатланската интеграција е заедничка одговорност и на Владата и на опозициските партии.
-
Македонија 24.04.2015 15:32
Собранието ја враќа праксата- Отворен ден за граѓаните
По четири години, Собранието повторно ги отвори вратите за граѓаните кои сакаат да се запознаат со работата и работното место на народните избраници. Првата група на заинтересирани денеска влезе во Законодавниот дом. Граѓани имаше од сите генерации иако во најголем број беа средношколци.
-
Македонија 24.04.2015 15:20
Мигранти: Потрага по подобар живот со трагичен крај
Во оваа клисура згаснаа животите на 14-те мигранти кои од Авганистан и Сомалија. Тргнале на запад кон подобар живот. Уморни и исцрпени од долгото патешествие, биле немоќни да избегаат пред налетот на брзиот воз. Овие снимки говорат за трагедијата.
-
Македонија 24.04.2015 14:59
Јанкулоска: Апсењата во Куманово засега не се поврзуваат со Гошинце
Во полициска акција во Куманово лишени се две лица. Кај нив биле пронајдени четири парчиња по 200 грама ТНТ со кафеава боја, знаме Албанија со натпис ИЛИРИДА, покана од УЧК, десетина ЦД-eа, мобилни телефони, СИМ картички, УСБ мемориски стикови, компјутери, фотографии и филм за апарат.
-
Македонија 24.04.2015 14:15
Денот на трудот, 1 мај неработен за сите граѓани
Денот на трудот 1 мај (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.Министерството на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот. -
Македонија 24.04.2015 14:10
Попоски на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група
Министерот за надворешни работи Никола Попоски на покана од амбасадорот на Словачка во Република Македонија, утрово во Скопје присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група. -
Македонија 24.04.2015 12:15
Средба Коѕиас - Нимиц
Попладнево во седиштетот на Обединетите нации, прва средба на Генералниот секретар Бан Ки Мун и посредникот во разговорите за надминување на наметнатиот спор за името, Метју Нимиц, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.










