Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по 24 пат објави сет аудио материјали од прислушувани разговори кои тој ги поседува. Како што тврди Заев, на телефонските разговори се слушаат премиерот, министри и владини претставници како вршат контрола врз медиуми и новинари.
-
Македонија 22.04.2015 16:43
-
Македонија 22.04.2015 15:24
Осуда од новинарите и политичките партии за морбидниот чин против Борјан Јовановски
Осуда од новинарските здруженија и од политички партии за, како што велат, грозоморниот чин што се случи пред домот на новинарот Борјан Јовановски каде што непознато лице остави погребен венец.
-
Македонија 22.04.2015 15:22
Одбележан Денот на планетата земја- еколозите повикуваат на поголема свест
Глобалното затоплување, зголемувањето на обемот на озонската дупка, промената на климата, природните катастрофи се случуваат пред нашите очи. Загадувањето на воздухот и на животната средина се најголемата причина за низа болести и изумирање на растенијата и на животните.
-
Македонија 22.04.2015 15:18
Во Македонија нема доволно истражувања за превенција на корупцијата
Не ги користи социјалните мрежи. Со ова директорката на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, Арнаудовска сака преку личен пример да им укаже на претставниците од третата власт дека и профил на Фејсбук може да ги искомпромитира.
-
Македонија 22.04.2015 15:00
Метео
Сончевото време продолжува и во текот на утрешниот ден проследено со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Не се очекува позначајна температурна промена. И во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време.
-
Македонија 22.04.2015 14:36
Онлајн плаќање радиодифузна такса
Радиодифузната такса отсега може да се плаќа онлајн со користење на електронските услуги на УЈП е-Радиодифузна такса. -
Македонија 22.04.2015 13:14
Грозоморен чин: Новинарот Борјан Јовановски доби погребен венец
Смртни закани за новинарот Бојран Јовановски. Во семејната куќа вчера бил доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“. Нагласувајќи дека е поздрав од Тодор Александров, курирот и го предал венецот на неговата сопруга која настанот го пријавила во полиција.
-
Македонија 22.04.2015 13:01
Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце, бара да не се злоупотребува
Шефот на државата Иванов, од надлежните институции од одбраната,безбедноста и разузнавањето бил информиран за инцидентот во липковскиот регион. На синоќешниот состанок во вилата Водно,што траел до доцна во ноќта,државниот врв со осуда за нападот.
-
Македонија 22.04.2015 12:01
Две пресуди за „Јустиција“
По една година условна казна затвор, која нема да се изврши доколку во наредните 3 години не сторат друго кривично дело. Ова е пресудата за двајца судии во случајот „Јустиција“ изречена за „несовесно работење“ во скопскиот Прекршочен суд.
-
Македонија 22.04.2015 10:23
Вејонис: Поддржуваме натамошно проширување на НАТО и на ЕУ
Со проширувањето на НАТО и на Европската Унија, се зголеми безбедноста во Европа. Латвија поддржува натамошно проширување на НАТО и ЕУ, изјави латвискиот министер за одбрана за Македонската телевизија.










