Утрешниот ден во Македонија повторно ќе ни донесе променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд и повремен слаб снег на планините.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Утрешниот ден во Македонија повторно ќе ни донесе променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд и повремен слаб снег на планините.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Европската унија бара и очекува брза интервенција за враќање на политичкиот дијалог во Македонија, додека сите настани околу случајот „Пуч“ се следат на дневна основа и се очекува правна и институционална разврска.
За 9 месеци ќе биде изграден пешачкиот натпатник, кој ги поврзува населбите Хиподром и Маџари. Инвестицијата е на градот Скопје, а изведувач е фирмата Бауер.
Во Атина не е разговарано за името, барем таква информација нема во соопштението од Американската амбасада во Грција, по вчерашните средби на американскиот помошник државен секретар за Европа и Азија, Викторија Нуланд, со грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на дипломатијата Никос Коѕиас и минис
По подолго време, и старите земји членки на Советот на Европа ќе бидат под лупата на комисијата за набљудување на Парламентарното собрание.
Од 2016-та, од Советот на Европа ќе биде набљудувана Грција, и почитувањето на човековите права.
Решен е деценискиот проблем во специјалното училиште за слепи лица, и лица со оштетен вид. Набавени се машини со браева азбука, кои ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика.
Оваа пролет домашни краставици и домати нема да има доволно. Високите цени ќе се задржат бидеќи половина од градинарите поради лошото време не ги насадаија пластениците.
Да се искористи трската од Моноспитовско блато за огрев. Македонското еколошко друштво подготвува студија за искористување на овој обновлив извор на енергија. По искуството на европските држави, пред се, од Грција и Албанија, предлагаат создавање брикети за огрев од трската и од дрвени отпадоци.
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска организира дебата со граѓанските здруженија за предизвиците и активностите за заштита на животната средина.
„Партијата има силна поддршка во спроведувањето на владините политики и од членовите и од граѓаните“ - ова е ставот на професорот Оливер Андонов за неделниот собир на ВМРО- ДПМНЕ.