Највисока снежна покривка, од 99 сантиметри, во Македонија, изутрината во 8 часот е измерена во Маврово. Четириесет сантиметри снег има во Пожаране, 37 во Ѓуриште, 27 во Крушево, 26 во Пожар, 22 во Лазарополе, 13 во Крива Паланка, 9 во Берово, 7 во Тетово и 3 сантиметри во Битола.
-
Македонија 10.03.2015 09:37
-
Македонија 10.03.2015 09:31
Дипломатски брифинг за МАРРИ
Во Владата на Република Македонија денеска ќе се одржи дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција - МАРРИ.
-
Македонија 10.03.2015 09:18
Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Кочани и Берово ќе се одржат отворени денови за граѓаните и компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор. -
Македонија 09.03.2015 18:04
Девет илјади семејства спасени од долговите
На девет илјади семејства им се отпишани долговите, а 30-тина од нив денеска добија и решенија за еднократен отпис на долгови. За оваа владина мерка биле поднесени над 40 илјади барања. За отписот на долговите на граѓаните се издвоени 900 милиони денари.
-
Македонија 09.03.2015 17:20
Случај „Пуч“: Граѓаните не поддржуваат измислени сценарија
„Граѓаните бараат дела, а не смислени сценарија“- ова е коментарот на колумнистот, Димитар Грумар за постапките на лидерот на СДСМ, Заев.
-
Македонија 09.03.2015 16:44
Косат стомачните вируси- надлежните апелираат за превенција
Грчеви во стомакот, покачена температура, повраќање, дијареа- стомачните вируси ги наполнија амбулантите. Од почетокот на годината на овие симптоми се пожалиле близу четири илјади граѓани. На удар се децата, и оние со намален имунитет.
-
Македонија 09.03.2015 16:24
Утре истекува рокот за доставување бизнис-план за владината програма за самовработување
Невработените лица имаат уште еден ден до Центрите за вработување да достават бизнис план и апликација за добивање средства од владината програма за самовработување. Досегашните позитивните примери ги охрабриле невработените.
-
Македонија 09.03.2015 15:50
Претставени можностите за студирање во Русија
Владата на Руската федерација доделува 25 стипендии за македонски државјани за студии во Русија. Руската амбасада денеска на Економскиот факултет во Скопје организираше презентација на предностите за студирање во Русија и можностите за добивање стипендија.
-
Македонија 09.03.2015 15:22
Метео
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени слаби локални врнежи од дожд и од снег. Температурите нема да бележат позначајна промена.
-
Македонија 09.03.2015 14:51
Отпишани долговите на 9.000 семејства
Во рамки на владината мерка за еднократен отпис на долгови на граѓаните, досега се отпишани долгови на 9.000 смејства, во висина од 900 милиони денари. Вкупно се поднесени 41.765 барања и се работи на подготвување нови решенија.









