Македонија е важен партнер на Алијансата. Имаме заедничка Евро-атланска визија, напредокот и реформите зависат од демократскиот дијалог- порака од Јанс Столтенберг, генерален секртар на НАТО по средбата со премиерот Никола Груевски.
-
Македонија 11.03.2015 15:17
-
Македонија 11.03.2015 14:57
Деветти повик за почеток на преговори - ЕП ја усвои резплуцијата за напредокот на Македонија
По деветти, последователен пат, Европскиот парламент го повика Советот на Европската Унија да утврди датум за почеток на преговори со Република Македонија, со цел да не го скрши еланот, да ги забрза реформите поврзани со европските придобивки и да го зацврсти процесот на демократизација.
-
Македонија 11.03.2015 14:51
Случај „Пуч“: Заев даде исказ во Јавното обвинителство
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде исказ во јавното обвинителство за случајот „Пуч“ во кој е осомничен за вршење насилство врз највисоките државни органи.
Поради тајност на постапката, Заев не коментираше што разговарал со јавниот обвинител.
-
Македонија 11.03.2015 14:37
МВР пресече синџир на трговија со дрога, запленето големо количество марихуана
Полицијата заплени речиси 150 килограми марихуана. Во голема акција прекина синџир на трговија со дрога. Се превезувала во комби, а била наменета за малопродажба. Марихуаната од Албанија преку Македонија требало да заврши на пазарот во Швајцарија.
-
Македонија 11.03.2015 13:17
Името повторно ја стави во сенка расправата за напредокот на Македонија во ЕП
Најголемиот број од европратениците, ако се изземат тие кои доаѓаа од Грција, се изјаснија дека е потребно да се изгласа денес резолуцијата предложена од Иво Вајгл, залагајќи се уште еднаш, по деветти пат, да препорачаат почеток на преговори за членството на Македонија во Европската Унија.
-
Македонија 11.03.2015 13:06
Мерон: Антисемитизмот повторно расте во Европа
За време на Втората светска војна Македонија и Израел имаа заедничка историја. Антисемитизмот повторно расте оценува израелски дипломат Даниел Мерон, експерт во Обединетите нации, дополнувајќи дека македонско- израелските односи се одлични.
-
Македонија 11.03.2015 12:59
Бесими: Политичко и правно решение со поддршка на меѓународниот фактор
Потребно е политичко и правно решение со поддршка на меѓународниот фактор Македонија да излезе од оваа комлексна и сложена состојба и да покаже јавна определба дека останува на европскиот пат со сите вредности и стандарди, оценува вицепрмиерот Бесими на првата трибина „ЕУ останува наш приоритет“
-
Македонија 11.03.2015 12:44
Ново АД за Водостопанство за поголема ефикасност
За ефикасноста на постојните водостопанства, неопходно е формирање на ново Акционерско друштво. Тоа ќе ги преземе дејностите за водоснабдување, наводнување и градбата на акумулации.
-
Македонија 11.03.2015 10:05
Премиерот Груевски на средба со генералниот секретар на НАТО
Премиерот Никола Груевски е во Брисел, ќе се сретне со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Се очекува разговорите да се фокусираат на реалциите на Македонија со НАТО, и учеството на припадниците на АРМ во мировните операции на Алијансата низ целиот свет.
-
Македонија 11.03.2015 09:22
72 години од холокаустот на македонските Евреи
Еврејската заедница во Република Македонија денеска ќе одбележи 72 години од депортацијата и холокаустот на 7.144 македонски Евреи во концентрацискиот логор Треблинка. Годишнината од тој трагичен настан се одбележува со комеморативни активности во Скопје, Битола и Штип.










