За два месеца, односно од почетокот на годинава до сега, креирани се вкупно 1.313.000 упати, покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството - МојТермин.
-
Македонија 03.03.2015 09:31
-
Македонија 03.03.2015 09:25
Конференција по повод 100 години од Првата светска војна
„Дипломатски и воени реперкусии во Македонија од почетокот на Првата светска војна” е тема на конференцијата што ја организира денеска Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во соработка со Министерството за надворешни работи.
-
Македонија 03.03.2015 09:07
Академија по повод 70 години од Првиот црковно-народен собор
По повод 70-годишнината од Првиот црковно-народен собор, денеска ќе се одржи Свечена академија во Музејот на македонската борба.
Свечената академија е под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и Македонската православна црква.
-
Македонија 02.03.2015 17:28
Случај „Пуч“: Признание за делото е крунски доказ
Власта не сакаше да го замолчи Заев, туку напротив, коментираат аналитичарите, го остави слободно да се претстави пред граѓаните во своето вистинско светло.
-
Македонија 02.03.2015 17:22
Лидерот на СДСМ објави нови аудио снимки
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нови аудио снимки. 11 телефонски разговори на министерот за финансии, Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Министрите разговараат за буџетот, државната каса и ИПА фондовите.
-
Македонија 02.03.2015 17:09
Сопственикот на „Фиком“ најден обесен во затворот во Штип
Со јаже врзано на плафонот за цевката од радијаторот, сопственикот на градежната фирма „Фиком“, Никола Николиќ се обесил во затворот во Штип. Неговото тело затворениците го откриле утрината околу 6 и 30 часот.
-
Македонија 02.03.2015 16:59
Расте бројот на заболени од грип во Куманово
Расте бројката на заболени од грип во Куманово. Во последната недела на инфективното оддление со симптоми на гроно и долно респиратони дишни патишта биле регистрирани 160 пациенти. Во просек 40-тина лица бараат помош во дневната болница на оддлението.
-
Македонија 02.03.2015 14:53
Министерството за одбрана објави конкурс за обука на пилоти
Министерството за одбрана објави конкурс за запишување на слушатели за стручно оспособување и усовршување на родот авијација.
Во процесот на селекција пријавените кандидати ќе поминат соодветни здравствени и физички проверки, познавање на англиски јазик и проверка на земја и во воздух.
-
Македонија 02.03.2015 14:05
Еден загинат во сообраќајна несреќа кај Неготино
Едно лице утрово загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на ТЕЦ „Неготино“.
Автомобил марка „Цитроен“ со штипски регистерски таблички, од неутврдени причини излетал од патот утринава околу 7 часот и 15 минути, а за жал возачот починал на лице место.
-
Македонија 02.03.2015 13:45
Почнува исплатата на штетите за жителите од поплавените подрачја
Почнува исплатата на жителите од поплавените региони, кои во просек ќе добијат по 500 евра, во зависност од настаната штета.
Европската комисија од Брисел порача дека очекува официјално барање со проценка на штетите и потребите за да и помогне на земјава во санацијата.









