Во последната недела од февруари се пријавени 4.781 новозаболени лица со симптоми на грип на територијата на цела држава, што претставува зголемување на бројот на регистрирани случаи во однос на минатата недела за 43,7 проценти, соопштуваат од Министерството за здравство.
-
Македонија 05.03.2015 09:23
-
Македонија 05.03.2015 09:14
АМСМ: Забрана за камиони на Стража и Маврово-Дебар
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските превои Стража и крак Маврово-Дебар поради врнежи од снег.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
-
Македонија 05.03.2015 09:09
Ќе се уредуваат плажите долж Преспанското езеро
Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро ќе се уредат 600 метри плажа. Изградбата на плажите почнува денеска. Предвидено е да се уредат 500 метри плажа во Стење и 100 метри плажа во Сливница.
-
Македонија 04.03.2015 17:38
Метео
Утрешната промена на времето во Македонија ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд,снег на планините како и засилен јужен ветер.
-
Македонија 04.03.2015 17:07
Јанкулоска: Институционална разрешница на случајот „Пуч“
„Случајот да добие правна и институционална разрешница“ - изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за аудио-материјалите што ги објави лидерот на СДСМ.
-
Македонија 04.03.2015 16:49
Груевски: Заев со изјавите самиот се разобличува
„Целата ситуација станува смешна зашто Заев колку повеќе зборува толку повеќе се заплеткува во лагите и интригите“ - ова е заклучокот на премиерот за изјавите на лидерот на СДСМ за неколкуте негирања па потврдувања на настани поврзани со случајот „Пуч“.
-
Македонија 04.03.2015 16:24
Едукација на идните мајки за здрави поколенија
Ненавременото одење на гинеколошки преглед пред и за време на бременоста е најчестата причина за предвремено родените бебиња- велат лекарите. Има мајки кои од забременувањето до породувањето никогаш не посетиле гинеколог. Освен сопствениот живот, го загрозиле и животот на бебето.
-
Македонија 04.03.2015 15:59
Могерини: Македонија останува високо на агендата на ЕУ
Македонија останува високо на агендата на Европската Унија во секторот за надворешна политика и преговори за проширување – изјави денеска во Брисел шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини на заедничката прес конференција со комесарот Хан, кој потврди дека изминатиов период е во пост
-
Македонија 04.03.2015 15:14
Изградба на нова полициска станица во Ѓорче Петров
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во обиколка на локацијата, каде што се гради новиот објект на полициската станица Ѓорче Петров.
Објектот ќе има три ката, и корисна површина од над 3 илјади квадратни метри.
-
Македонија 04.03.2015 14:35
Германскиот Бундестаг расправа за состојбата во Македонија
Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, расправа за Македонија зад затворена врата. Според најавите, темата е внатрешно- политичката ситуација во државава.
Неофицијално, пратениците ја разгледуваат информацијата на германската влада, за состојбите кај нас.










