Внимавајте прославите на претсојните празници да не завршат со семејни трагедии, порачаа од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Внимавајте прославите на претсојните празници да не завршат со семејни трагедии, порачаа од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Апелираат за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Две нови мерки во програмите за вработување. Ќе се обучуваат невработени лица за туристички водичи и за обезбедувачи.
Надграден и модернизиран е Електронскиот национален регистар за прописи кој дава информации за законската регулатива, предлог законите и јавните дебати. Во изминатите четири години го посетиле 27 илјади лица.
Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски ја започна 27-та седница на чиј дневен ред се пратеничките прашања.
Според Собранискиот деловник седница за поставување пратенички прашања вообичаено се свикува секој последен четврток во месецот.
Со 3.000 единки автохтона речна пастрмка и оваа година беа порибени реките во струшко и тоа река Црн Дрим, Сатеска и Вевчанска река од страна на риболовното друштво Пастрмка од Струга.
За четири пати зголемено производство на пченка по хектар имаат земјоделците кои годинава на своите ниви поставија систем за наводнување капка по капка.
Католичките верници денеска го празнуваат Христовато раѓање, Божиќ. Прославата почна со полноќната миса во базиликата Свети Петар во Ватикан, еден од најголемите настани во календарот на Римокатолиците.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска на средба со македонските дипломати.
Шефот на државава во Министерството за надворешни работи ќе има годишен работен состанок со дипломатско конзуларните претставници на Република Македонија во странство.