• Македонија 17.08.2014 16:40

    Полицијата во превентивна акција за заштита на домовите на граѓаните

    Најмногу на удар на натрапниците се граѓаните за време на летните одмори. Разбојниците најчесто влегуваат насилно во куќите и во становите кога домќините не се дома, а главна цел им се парите, златниот накит, а во последно време изнесуваат и апарати за домаќинсто и техника.

  • Македонија 17.08.2014 16:12

    Хоспитализирани 11 лица инфицирани од жолтица

    На Инфективното одделение во Клиничка болница во Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица.

  • Македонија 17.08.2014 14:09

    Метео

    Утре во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе бележи пораст во однос на денешната. Дали овие пријатни временски услови и температури ќе продолжат и во наредниот период...

    Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска

  • Македонија 17.08.2014 11:32

    Министерот Јолевски го честита 18 Август, Денот на Армијата

    Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на припадниците на Армијата и на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот празник, 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.

  • Македонија 16.08.2014 18:59

    Борбените средства и опрема на АРМ изложени пред граѓаните

    Оружје, воена опрема и техника, борбени и транспортни возила. Несекојдневнта изложба на македонската армија го привлече вниманието и ја разбуди љубопитноста на граѓаните кои денеска дојдоа на воениот стадион во Скопје.

  • Македонија 16.08.2014 18:35

    Листеријата ја зеде петта жртва

    Смрттоносната листерија ја зеде и петта жртва. На инфективната клиника почина 46 годишниот маж од Неготино, во тешка состојба и приклучен на апарати за дишење две недели се бореше со бактеријата.

  • Македонија 16.08.2014 17:28

    Од понеделник почнува отписот на долговите

    Од понеделник во осум почнува поднесувањето на барања за отпис на долговите за најранливите категории граѓани. Ќе се бришат старите обврски за потрошена струја, парно, радиодофузна такса, како и долговите кон банките направени до крајот на минатата година.

  • Македонија 16.08.2014 17:15

    Калишта зрачи со својата светост и убавина

    Одовде погледот кон Охридското Езеро е највеличествен. Чиниш гледаш во најбистрото море. Карпите -надвиснати над ѕиданиот од човечка рака брег, на кој заплискуваат скротените бранови.

  • Македонија 16.08.2014 17:01

    Пожар во фабрика во Василево

    Попладнево околу пладне се запали погонот за производство на био дизел гориво, на фабриката Био Ди Ком во Василево во близина на Струмица.

    Вработените го пријавиле избувнувањето на огнот, а на лице место пристигнаа возила на противпожарните служби кои го локализираа огнот.

  • Македонија 16.08.2014 16:44

    Европски експерти истражуваат автохтони украсни птици

    Шарпланинскиот пеач, македонскиот вртач Дунек и Македонската Масарка. Ова се трите сорти украсни птици чии карактеристики ги истражуваат тројца експерти од Хрватска и Белгија.

Pages