Ја искористил позицијата прв човек на управата за заштита на културното наследство за да им овозможи на трговците со артефакти добро да заработат. Паско Кузман ќе издржува три години робија – гласи пресудата на кривичниот суд.
-
Македонија 24.07.2014 17:10
-
Македонија 24.07.2014 17:06
250 деца од социјално ранливи семејства од утре на одмор
Од утре на плажите во Струга ќе летуваат 250 деца од социјално ранливите категории. Бесплатниот одмор што го обезбеди државата, ќе го минат во одморалиштето „Мајски Цвет“.
-
Македонија 24.07.2014 16:58
Намалена потрошувачката на месо во Кочани поради страв од листерија
Редовна инсекциска контрола, пред неколку месеци регистрирала присуство на смртоносната листерија во производите на кочанска фирма. Било забрането производите да се продаваат, но сопственикот на фирмата одбил да фрли пет тони храна.
-
Македонија 24.07.2014 16:50
Листерија: Граѓаните внимаваат што купуваат
Веска Пендаровска четирите внучиња ги штити од листерија со приготвување домашна храна и со превриено млеко.
„Не се исплашив од бактеријата бидејќи ја има во храната, но ако добро се зготви и се измие, нема да има проблеми“, вели Веска Пендаровски.
-
Македонија 24.07.2014 16:37
Владата ќе помогне за санирање на штетите од невремето во Преспа
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при денешната посета на Ресен констатира дека штетите направени од невремето што го зафати овој регион се големи и Владата ќе настојува да помогне.
-
Македонија 24.07.2014 15:55
Министерот за надоврешни работи на Италија во официјална посетна на Македонија
Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, на 25 јули 2014 година ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија, информираат од македонското МНР.
-
Македонија 24.07.2014 15:20
„Фаланга 2“: Три години затвор за Паско Кузман
Изречени се првостепените пресуди во судскиот случај Фаланга 2. Поранешниот директор на управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, обвинет во случајот, доби казна затвор од три години.
-
Македонија 24.07.2014 14:03
Продолжен рокот на огласот за раководни позиции во Град Скопје
За уште еден месец е продолжен рокот за пројавување интерес за ангажирање лица на раководни позиции во Град Скопје, во градските јавни претпријатија и во културните институции што се во надлежност на Град Скопје. Рокот за пријавување на огласот ќе трае до 25 август. -
Македонија 24.07.2014 13:45
Груевски: Поголема транспарентност во распределбата на државното земјоделско земјиште
Државното земјоделско земјиште над 10 хектари во иднина ќе се дава под концесија преку јавна електронска лицитација, предвидуваат најавените измени на Законот за земјоделско земјиште. -
Македонија 24.07.2014 13:35
Македонија стана дел од програмата „Креативна Европа“
Македонија го потпиша договорот со ЕУ за учество во програмата „Креативна Европа“, вредна 1,5 милијарди евра. Предвидено е целосно да биде реализирана до 2020-та, и е наменета за аудио- визуелните и авторските дела.









