-
Македонија 22.07.2014 10:36
На граничниот премин Богородица се чека половина час
Граничниот премин Богородица е единствениот премин во државата каде што има подолго чекање за излез од државата.Според информациите на АМСМ, времето на чекање е 30 до 40 минути и тоа само на македонска страна. -
Македонија 22.07.2014 10:11
Денеска интензивни врнежи и грмежи
Невремето од Западна Европа се пресели на Балканот. Ја погоди и Македонија. Денеска се очекуваат интензивни врнежи со грмежи и силен ветер.
-
Македонија 22.07.2014 10:03
Јолевски во официјална посета на Софија
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, кој ја предводи делегацијата од Министерството за одбрана, денеска ќе престојува во официјална посета на Софија, Република Бугарија. -
Македонија 22.07.2014 09:59
Три лица починаа од бактеријата листерија
Седум лица се заразени од бактеријата листрија, тројца починале- двајца повозрасни пациенти и едно новородено дете, соопштија од Mинистерството за здравство.
-
Македонија 21.07.2014 20:43
Метео
Во вторник се очекува побурна атмосфера над Македонија. УХМР издаде жолт метео аларм.
Детали во МЕТЕО на МТВ со Глигор Митковски...
-
Македонија 21.07.2014 17:44
ОМО Илинден-Пирин со жестока реакција до бугарскиот европратеник Џамбаски
Задача на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и на неговата партија така наречената ВМРО е да ја попречуваат македонската евроинтеграција.
-
Македонија 21.07.2014 17:26
Кога другите спијат тие работат
И самите се уверивме колку пекарите се посветени на својата работа. Не пречека насмевка иако сме гости во 2 часот по полноќ. За мајсторот Дарко тајната е во навиките. По утринското кафе почнува подготовката на тестото. Мора да се побрза затоа што во рани мугри пристигнуваат првите муштерии.
-
Македонија 21.07.2014 17:16
Се екипираат Собраниските работни тела- Грчева и Буралиева во работен ритам
Пратеничката на СДСМ, Солза Грчева влегува во работниот ритам на Собраниските тела. Присутна на комисиите за европски прашања и за образование. Изборот како што веќе изјави за МТВ го направи согласно нејзиниот професионален ангажман.
-
Македонија 21.07.2014 17:10
Три деца за среќен брак
Елизабета и Јован Ангелески се запознале на плажа во Охрид и од тој момент почнала да се размотува клопчето од нивната животна приказна. Од другари до среќен брак исполнет со многу љубов благословен со три дечиња. Елизабета е од Скопје, а Јован од Охрид каде што сега живеат заедно.
-
Македонија 21.07.2014 16:53
Клиниката за офталмологија под лупа
Јапонската бизнис-филозофија и на скопската Очна клиника. Дваесетина советници од Министерството за здравство ја анализираа работота на сите, од хигиеничар до директор.










