-
Македонија 22.01.2014 14:38
Владата ги разгледува Законите за стечајците и за професионалните војници
Владата на седница го разгледува законското решение со кое професионалните војници со навршени 45 години старост на кои им престанува договорот во АРМ ќе може да се вработат во државните институции до остварување на старосната пензија. -
Македонија 22.01.2014 14:15
Кои се најплатените професии во Македонија?
Програмер, правник, банкар, пилот. Ова се наjплатените професии во Македонија.
Статистиката покажува, во текстилната и вo кожарската индустрија и натаму се најниско платените професии.
-
Македонија 22.01.2014 13:10
Во „Кирил Пејчиновиќ“ екстерното доцнеше
Само во средното училиште „ Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово екстерното испитување доцнеше денеска еден час поради пад на интернет конекцијата.
-
Македонија 22.01.2014 12:48
Продолжува проектот Финансиска помош на фирмите за отворање нови работни места
Во изминативе седум години проектот за финансиска помош на фирмите за отворање нови работни места дава успешни резултати и преку него се вработени 4.668 луѓе.
-
Македонија 22.01.2014 12:30
Ивановски: Нов закон за општа управна постапка
Се подготвува нов закон за општа управна постапка со кој ќе се олесни вадењето документи на граѓаните преку еден шалтер, но ќе се подобри и квалитетот на работата на администрацијата.
-
Македонија 22.01.2014 12:15
Македонец фатен во Албанија со 450 килограми марихуана
Притворен е македонски државјанин во Драч, Албанија, откако полицијата во вторникот вечерта во неговото возило открила 450 килограми марихуана.
-
Македонија 22.01.2014 11:19
Почнува судењето за пожарот во Македонски пошти
Шефот на кабинетот на генералниот директор на Македонски пошти на обвинителна клупа во Кривичниот суд.Арменд Фазлиу е единствениот обвинет за пожарот што се случи на 15 јануари минатата година. -
Македонија 22.01.2014 09:14
Попис на пчели- еднаш годишно
Наместо двапати, во иднина пописот на пчелите ќе биде еднаш годишно. Пчеларите оваа обврска треба да ја завршат до 15 април.
Секоја година на 1 април пчеларите треба да направат попис на пчелните семејства на своето одгледувалиште.
-
Македонија 22.01.2014 08:48
Матурантите на екстерно тестирање
Денеска и во петок околу 20.000 матуранти полагаат испит за екстерно тестирање. Предметите за екстерното тестирање беа објавени во неделата, на 19 јануари.
-
Македонија 22.01.2014 08:32
Попоски и Бесими денеска во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски, денес се во работна посета на Брисел. Ќе се сретнат со претставници на институциите на Европската унија.









