Уставниот суд во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), на 16 и 17 септември 2026 година, во Охрид ќе ја одржи регионалната конференција со централна тема „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“.
-
Македонија 16.09.2026 09:19
-
Македонија 16.09.2026 08:49
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 16.09.2026 08:22
Сончево со мала облачност, попладне услови за краткотраен дожд
Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Наместа, особено во попладневните часови, ќе има услови за појава на слаб и краткотраен локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 16.09.2026 08:21
ЦУК: 12 пожари на отворено, еден под контрола, 11 изгаснати
Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 15.09.2026 20:12
Европски експерти со позитивна оценка за новите закони за рударство и геологија
Независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство покажала дека предложените решенија воспоставуваат современа и јасна рамка за геолошките истражувања и рударските активности, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
-
Македонија 15.09.2026 19:41
Хоџа – Јаупај: Продолжува соработката за заштита на природата и одржлив развој
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се сретна со албанскиот министер за животна средина Софјан Јаупај, кој престојува во Скопје по повод Меѓурегионалната средба на главните преговарачи и високи претставници задолжени за европската интеграција.
-
Македонија 15.09.2026 19:11
Во август 606 прекршоци со електрични тротинети, одземени 18 тротинети
Секторот за сообраќајни работи при МВР во август спровел засилени акциски контроли на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила.
-
Македонија 15.09.2026 17:30
Продолжи судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов
Таткото на судијата Ристов знаел за парите скриени во ѕидот, но не кажал никому зошто неговите деца не знаеле дека крие 350 илјади евра. Ова го кажа адвокатот на семејството кој бил присутен за време на претресот.
-
Македонија 15.09.2026 17:02
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на демократијата
Демократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата, беше порачано денеска на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во Собранието.
-
Македонија 15.09.2026 16:42
Нова шанса за Изборниот законик
Од една изборна единица до гласање на дијаспората, преку начин на заокружување на гласачкото ливче. Политичките партии сè уште со спротивставени ставови за исклучително важниот Изборен законик.










