Под слоганот „Наша Европа, заедно посилни“, делегацијата на Европската унија во Македонија ќе го прослави Денот на Европа. Програмата вклучува низа активности и свечености организирани во соработка со мрежата на Јуроп Хаус и локалните власти низ целата земја.
-
Македонија 04.05.2026 11:52
-
Македонија 04.05.2026 10:28
Македон Димитровски освои два златни медала на германската математичка олимпијада
Малиот математички талент Македон Димитровски освои два златни медала на германската математичка олимпијада.
Димитровски се закити со златен медал во индивидуална конкуренција по математика и со злато во математички предизвик.
-
Македонија 04.05.2026 10:07
Седници на три комисии денеска во Собрание
Во Собранието за денеска е закажана динамична агенда со седници на три матични комисии, на кои ќе се разгледуваат неколку значајни законски решенија.
-
Македонија 04.05.2026 08:47
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 04.05.2026 08:20
Ново рочиште за случајот „Пулс“
Ново рочиште во судницата во Идризово за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“.
-
Македонија 04.05.2026 08:09
Сончево со мала локална облачност
Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
-
Македонија 04.05.2026 08:04
123 години од смртта на Гоце Делчев
На денешен ден пред 123 години во Баница почина македонскиот револуционер Гоце Делчев. Ќе се одбележи со традиционално положување цвеќе и панихида на неговиот гроб во црквата „Св.Спас“ во Скопје, каде ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски и делегација на Собранието.
-
Македонија 03.05.2026 20:27
Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на Ерменија, Хачатурјан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката.
-
Македонија 03.05.2026 19:31
Средношколци ја обновија урбаната опрема во Струмица
Средношколците од дрвопреработувачката струка од училиштето „Никола Карев“ ја обновија урбаната опрема во градскиот парк во Струмица. Ги сменија речиси сите клупи за одмор кои беа оштетени или уништени од несовесни граѓани.
-
Македонија 03.05.2026 19:00
Дуалното образование, спој на знаење и пракса
Во претстојниот уписен рок, Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорги Наумов Битола со два нови современи образовни профили, единствени во државава.










