Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, која престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
-
Македонија 18.06.2025 11:32
-
Македонија 18.06.2025 11:10
Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час
На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово.
-
Македонија 18.06.2025 10:33
За упис на средношколци во дуалното образование 269 паралелки и 6.725 слободни места
Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.
-
Македонија 18.06.2025 10:02
Полицијата ќе врши вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето во Охрид
Полициски службеници од редовниот состав на Секторот за внатрешни работи од Охрид утре ќе имаат вежбовно гаѓање со боева муниција на стрелиштето „Бејбунар“.
-
Македонија 18.06.2025 09:31
Андоновски – Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.
-
Македонија 18.06.2025 09:08
На граничните премини нема поголеми задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 18.06.2025 09:06
РЕК Битола: Термоблок 2 исклучен од системот поради заштитна реакција, истрагата во тек
Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.
-
Македонија 18.06.2025 08:09
Во Кривичен ново рочиште за двојното убиство на Вања и Панче
Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и на пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршен збор на одбраната. Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства.
-
Македонија 18.06.2025 08:06
Сончево и топло со мала локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе достигне 35 степени.
-
Македонија 18.06.2025 08:03
Одбележување 35 години ВМРО-ДПМНЕ
Во секоја историска борба која трае со децении, клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Мицкоски на одбележувањето 35 години ВМРО-ДПМНЕ










