Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за двомечот против Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Најголемо изненадување е тоа што на овој список ги нема искусните Дејан Мансков и Гоце Георгиевски.
Спорт
-
Ракомет 27.02.2023 17:46
-
Фудбал 26.02.2023 17:37
Силекс го совлада Шкупи
Во дербито на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, Силекс го совлада Шкупи со 2:1 и го оневозможи шампионот да избие на првото место на табелата.
Кратовци по првиот дел водеа со 2:0, а стрелци на погодоците беа Стефан Милосављевиќ во четвртата и Марко Ѓорѓиевски во 30. минута.
-
Кошарка 25.02.2023 18:50
Клиперси и Сакраменто го одиграа вториот по ефикасност натпревар во историјата на НБА
Тимот на Сакраменто кингс ги совлада Лос Анџелес Клиперс рано утрово на гостински терен со 176:175.
Екипите одиграа две продолженија и постигнаа вкупно 351 поен. Ова е втор натпревар со најголем број поени во историјата на НБА-лигата.
-
Фудбал 25.02.2023 18:42
Струга и Македонија ЃП ремизираа на отворањето на 20. коло во ПМФЛ
Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим и Лум освои само бод попладнево на натпреварот со Македонија ЃП. Домаќините не реализираа два пенала преку Бесарт Ибраими, а цело второ полувреме го играа со фудбалер повеќе, поради исклучувањето на Самаке.
-
Кошарка 24.02.2023 12:29
Во претквалификациите за Евробаскетот 2025, Македонија го претрпе првиот пораз
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2025 откако во петтото коло загуби на гостувањето против Словачка со 82-73.
-
Тенис 24.02.2023 11:47
Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио
Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио де Жанеиро, победувајќи го Фабио Фоњини во три сета (6-7, 6-2, 6-4).
-
Ракомет 23.02.2023 11:07
Елена Ливриниќ објави крај на играчката кариера
Македонската ракометарка Елена Ливриниќ, преку социјалните мрежи објави крај на играчката кариера. Средниот бек ги бранеше боите на најдобрата македонска женска ракометна репрезентација.
-
Формула 1 23.02.2023 10:44
Почнаа тестирањата за трката во Бахреин
Шампионатот во Формула 1, почнува на 5 март со трката за големата награда на Бахреин. Тестирањата пред почетокот на новата сезона почнаа во Бахреин, каде што ќе се одржи првата трка од шампионатот.
-
Ракомет 22.02.2023 10:07
Еурофарм Пелистер поразен од Фуксе Берлин
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Европа со 34:25 на гостувањето кај Фуксе Берлин.
-
Кошарка 22.02.2023 09:59
Симоновски се враќа во домашната кошарка
По една година во странство, поранешниот македонски репрезентативец Марко Симоновски се враќа во домашната кошарка.









