Во иранската централа Фордо, ураниумот се збогатува до 60%. Одлуката е реакција на резолуцијата на Обединетите нации за надзор на нуклеарното оружје.
-
Свет 22.11.2022 15:22
-
Свет 22.11.2022 12:22
Косово ги одложи казните за возачите со српски регистарски ознаки за 48 часа
Косово го прифати барањето на САД. Го одложува изрекувањето казни за возачите на возила со српски регистарски ознаки за 48 часа. Сообраќајот на административниот премин Јариње се одвива непречено под надзор на припадниците на специјалната единица на косовската полиција.
-
Свет 22.11.2022 10:15
Пожар во фабрика во Кина, најмалку 38 загинати
Најмалку 38 лица загинаа, а две се повредени во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан, соопшти денеска округот Венфанг.
Пожарот бил пријавен вчера, околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.
-
Свет 22.11.2022 09:58
Најмалку 162 лица загинаа во земјотресот во Индонезија
Најмалку 162 лица загинаа во земјотресот во Индонезија, според гувернерот на Западна Јава.
Стотици се повредени, а над 13.400 се раселени по земјотресот со јачина од 5,6 степени, изјави гувернерот Ридван Камил.
-
Свет 22.11.2022 09:28
Песков: Не се разгледува можноста за втора мобилизација
Портпаролот на Кремљ, Песков рече дека Русија не ја разгледува можноста за втор бран на воена мобилизација. Истакна дека земјата сака да ги постигне своите цели во рамките на таканаречената специјална воена операција чија цел не промена на власта во Киев.
-
Свет 22.11.2022 09:10
Курти го прифати американскиот предлог за 48-часовно одлагање на казнувањето за таблички
Косово ги одложи плановите за казнување на возачите кои одбиваат да ги предадат старите регистарски таблички издадени од Србија за 48 часа по барањето на Соединетите држави.
Косовскиот премиер Албин Курти соопшти за одложувањето преку објава на својот Твитер профил рано утрово.
-
Свет 22.11.2022 09:09
Земјотрес со магнитуда од 7 степени по Рихтер на Соломонските острови
Силен земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Соломонските Острови, јави Американскиот геолошки институт (USGS), а очевидци зборуваат на потрес што предизвикаа паѓање на телевизори и другите објекти.
-
Свет 21.11.2022 19:44
Расте бројот на загинати и повредени во земјотресот во Индонезија
Над 160 загинати и стотици повредени во земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер што ја погоди Индонезија.
Додека спасувачките екипи ги расчистуваат урнатините, се очекува бројот на жртви да се зголемува.
Епицентарот бил во Западна Јава на 75 километри од метрополата.
-
Свет 21.11.2022 17:13
Нема договор во Брисел меѓу Вучиќ и Курти
Нема договор во Брисел меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти околу спорот со регистарските таблички. Посредници во дијалогот се шефот на европската дипломатија Борел и специјалниот претставник на ЕУ Лајчак.
-
Свет 21.11.2022 13:21
Уапсени соучесници за нападот во Истанбул
Турската полиција уапси две лица осомничени дека им помогнале на извршителите на терористичкиот напад во Истанбул да ја преминат турската граница.









