Киев пред сериозни предизвици. Покрај опасноста од нови напади и редовните прекини на снабдувањето со електрична енергија, жителите на главниот украински град се соочуваат со сибирски температури и снежни врнежи пред календарскиот почеток на зимата.
-
Свет 19.11.2022 13:20
-
Свет 19.11.2022 12:13
Жртви во снежното невреме во САД
Жртви во снежното невреме во САД. Зимската бура ги парализираше западниот и северниот дел на Њујорк. На некои места е измерена снежна покривка и до два метра.
-
Свет 19.11.2022 12:10
Заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја
Американски бомбардери на заеднички воени вежби со армијата на Јужна Кореја по лансирањето на последниот севернокорејски проектил. Претходно беа одржани маневри и со јапонските сили.
-
Свет 19.11.2022 10:12
Хаким Џефрис сака да ја замени Пелоси на чело на демократите
Американскиот конгресмен Хаким Џефрис почна кампања за претседателската позиција во Претставничкиот дом, ден откако Ненси Пелоси, досегашната лидерка на демократите во Конгресот, изјави дека ја напушта функцијата.
-
Свет 19.11.2022 10:11
Идната недела голема воена вежба, прва по три децении
По 33 години, Швајцарија организира голема воена вежба наречена „ПИЛУМ 22“ во која учествуваат 5 илјади војници.
-
Свет 19.11.2022 10:10
Експлозија во станбена зграда, има жртви
Најмалку осум лица, вклучувајќи и три деца, загинаа во експлозија во петкатница на рускиот Далечен Исток.
Несреќата на островот Сахалин се случила откако експлодирал плин во еден од становите поради што се урнал дел од објектот. Спасувачите на терен трагаат по преживеани цивили.
-
Свет 19.11.2022 10:10
Зеленски: Можно е исклучување на електричната мрежа
Градските власти во Киев предупредија дека е можно целосно исклучување на електричната мрежа. Енергетската инфраструктура и натаму меѓу главните цели на руските воздушни напади.
-
Свет 18.11.2022 11:58
Неизвесно американското финансирање на Украина
Фракција од Републиканците во Претставничкиот дом на САД се обидува да го запре финансирањето на Украина во војната со Русија. Убедени се дека парите и оружјето коишто ги добива Киев не само што се непотребни, туку и ја вовлекуваат Америка во судир со Москва.
-
Свет 18.11.2022 11:49
Руски напади на енергетската инфраструктура
„Над 10 милиони Украинци се без струја“ – изјави украинскиот претседател Зеленски. Војската тврди дека енергетската инфраструктура е под постојани руски напади. Киев и натаму меѓу најкритичните цели.
-
Свет 18.11.2022 11:20
Белград и Приштина не постигнаа договор
„Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни“, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија. РТС се извини поради објавување на веста од агенцијата Фонет дека во Брисел била постигната спогодба.










