Покрај воздушната, турскиот претседател Ердоган најавува и копнена офанзива против курдските движења во Сирија. По смртоносниот истанбулски напад, Турција почна да ракетира нивни позиции и во Ирак, бидејќи смета дека тие се виновни за експлозијата во познатиот туристички кварт.
-
Свет 23.11.2022 10:48
-
Свет 23.11.2022 10:29
Болсонаро ги оспори изборните резултати претседателските избори
Бразилскиот претседател во заминување, Жаир Болсонаро, ги оспори резултатите од претседателските избори на кои со мала разлика победи левичарот Луис да Силва.
-
Свет 23.11.2022 10:20
Зеленски: Се отвораат „Центри на непобедливост“
Украинската влада најави отворање на специјални засолништа, предупредувајќи ги граѓаните да ја штедат енергијата. Руските напади и нанесоа сериозна штета на енергетската инфраструктура пред зимскиот период.
-
Свет 23.11.2022 10:16
Над 30 лица се повредени во силен земјотрес во Турција
Триесетина лица се повредени во земјотрес од 6 степени по Рихтер во западниот дел на Турција, во близина на градот Дузџе, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
-
Свет 23.11.2022 10:04
Смртоносен напад во маркет на „Волмарт“ во Вирџинија
Десетина лица се убиени во супермаркет на „Волмарт“ во градот Чесапик, Вирџинија.
Мажот, за кој се верува дека бил менаџер во супермаркетот, се самоубил откако го извршил нападот. Меѓу жртвите има и неколкумина вработени. Мотивот не е познат.
-
Свет 23.11.2022 08:35
Десетина загинати во пукање во супермаркет во Вирџинија
Најмалку десет лица се убиени во пукање во супермаркет на „Волмарт“ во градот Чесапик, во Вирџинија.
-
Свет 22.11.2022 21:21
Земјотрес од 6,2 степени го погоди мексиканскиот брег
Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
-
Свет 22.11.2022 15:22
Иран почна да збогатува ураниум до 60 проценти чистота
Во иранската централа Фордо, ураниумот се збогатува до 60%. Одлуката е реакција на резолуцијата на Обединетите нации за надзор на нуклеарното оружје.
-
Свет 22.11.2022 12:22
Косово ги одложи казните за возачите со српски регистарски ознаки за 48 часа
Косово го прифати барањето на САД. Го одложува изрекувањето казни за возачите на возила со српски регистарски ознаки за 48 часа. Сообраќајот на административниот премин Јариње се одвива непречено под надзор на припадниците на специјалната единица на косовската полиција.
-
Свет 22.11.2022 10:15
Пожар во фабрика во Кина, најмалку 38 загинати
Најмалку 38 лица загинаа, а две се повредени во пожар во хемиска фабрика во централната кинеска провинција Хенан, соопшти денеска округот Венфанг.
Пожарот бил пријавен вчера, околу 16 часот и 30 минути, а на пожарникарите им биле потребни околу три и пол часа да го стават под контрола.









