• Свет 07.11.2022 10:14

    Нови напади и рестрикција на струја во Украина

    Сирени за тревога се огласија низ цела Украина. Киев тврди, русите напаѓаат во три насоки-Бахмут, Авдијевк и Новопавливк. Руските сили, пак, велат дека за 24 часа украинската војска извршила над 30 напади на територијата на Доњецката Народна Република.

  • Свет 07.11.2022 09:53

    20 повредени во пожар во Багдад

    Најмалку 20 лица, меѓу кои и шефот на дирекцијата за цивилна одбрана на Ирак, се повредени откако се запали, а потоа и се урна комерцијална зграда во главниот град, Багдад. Смртни случаи не се пријавени.

  • Свет 07.11.2022 09:53

    Од денеска косовските институции без Срби

    Косовските институции и служби формирани според Бриселскиот договор, од денеска се без Срби. Освен во полициските станици, српска полиција нема да има ниту на административните пунктови Јариње и Брњак.

  • Свет 07.11.2022 09:48

    Пожар избувна во 35-катница во Дубаи

    Пожар избувна во 35-катница во Дубаи во близина на Бурџ Калифа-највисоката зграда на светот. Во огнената стихија уништена е цела вертикала од облакодерот, но пламените јазици се локализирани навреме, пред да биде зафатен целиот објект.

  • Свет 06.11.2022 14:05

    Народен собир во северниот дел од Митровица по последните одлуки на Приштина

    Стотици граѓани излегоа на народниот собир во северниот дел на Митровица како реакција на последните одлуки на Приштина и повлекувањето на косовските Срби од сите тамошни институции. Говорниците испратија пораки за мир и нагласија дека Србите на Косово и Метохија немаат друга држава.

  • Свет 06.11.2022 10:48

    Најмалку 12 повредени во пукење во Филаделфија

    Најмалку 12 лица се ранети во во областа Кенсингтон во Филаделфија откако две лица излегле од автомобил и отвориле оган кон кафуле.

    При првичниот увид на теренот, полициските службеници пронашле повеќе од 40 куршуми.

  • Свет 06.11.2022 10:04

    Нова офанзива во регионот Херсон

    Украинските сили се подготвуваат за нова офанзива во регионот Херсон, објави заменик-шефот на администрацијата. Воздушна тревога е издадена утрово во неколку региони на Украина.

    Во текот на ноќта продолжи гранатирањето во Доњцк и Луганск како и во на Запорожје под контрола на Киев.

  • Свет 05.11.2022 13:34

    Вучиќ на вонредна седница на владата реферираше за состојбата на Косово

    Заврши вонредната седница на српската Влада. Претседателот Вучиќ поднесе извештај за разговорите со претставниците на Србите од Косово и Метохија кои најавија повлекување од сите приштински институции поради последните чекори на премиерот Албин Курти.

  • Свет 05.11.2022 12:03

    Кина и Русија ставија вето на обидот да се осуди Северна Кореја

    Кина и Русија ставија вето на обидот да се осуди Северна Кореја за балистичките ракети. Советот за безбедност на Обединетите нации не презеде ништо ниту по деветтата седница оваа година за Северна Кореја, која врши ракетни лансирања.

  • Свет 05.11.2022 11:09

    Жестоки борби во Херсон и Доњецк

    Украинскиот претседател Зеленски објави дека 4,5 милиони Украинци останале без струја поради руските напади. Најжестоки борби се водат во регионите Херсон и Доњецк, а ракетен напад имало и во Запорожје.

Pages