• Свет 02.11.2022 14:03

    Дронови навлегуваат од Косово во централна Србија, тврди министерот за одбрана Вучевиќ

    Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот на државата, Вучиќ зголемена е борбената готовност земјата, откако беспилотни летала биле забележани над територијата на централна Србија, за кои властите во Белград, тврдат дека влегуваат од Косово.

  • Свет 02.11.2022 13:40

    Валас: Велика Британија има повеќе борбени авиони Ф-35, отколку обучени пилоти

    Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека воздухопловните сили на армијата на Велика Британија имаат повеќе борбени авиони Ф-35, отколку пилоти кои се обучени да управуваат со нив.

  • Свет 02.11.2022 11:54

    Северна Кореја испука проектили, Јужна Кореја возврати

    Северна и Јужна Кореја за првпат испукаа проектили од бреговите една на друга. Три часа откако Пјонгјанг лансираше проектил што падна на помалку од 60 километри од јужниот град Сокчо, Сеул возврати. Три прецизни проектили земја-воздух беа истрелани од југот.

  • Свет 02.11.2022 10:11

    Нетанјаху во водство по парламентарните избори

    Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на своите поддржувачи во неговиот изборен штаб во Ерусалим по затворањето на гласачките места, најавувајќи камбек, откако изборните резултати покажаа дека мнозинската влада е на дофат на ветеранот на десницата.

  • Свет 02.11.2022 10:07

    Северна и Јужна Кореја си разменија проектили

    Северна и Јужна Кореја за првпат испукаа проектили од бреговите една на друга. Три часа откако Пјонгјанг лансираше проектил што падна на помалку од 60 километри од јужниот град Сокчо, Сеул возврати.

  • Свет 02.11.2022 09:59

    Подигнато црвено знаме над „Џамкаран“

    Иран го подигна црвеното знаме на одмазда над куполата на џамијата Џамкаран во светиот шиитски град Кум, што е еднакво на објава на војна. Причината е нејасна.

    Последен пат црвеното знаме беше подигнато кога беше убиен познатиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година.

  • Свет 02.11.2022 09:52

    Киев поставува пунктови за греење

    Киев поставува илјада пунктови за греење во случај централниот топлински систем да биде онеспособен поради континуираните руски напади кои веќе оштетија 40 насто од енергетската инфраструктура.

  • Свет 01.11.2022 23:01

    Болсонаро конечно го прекина молкот по поразот

    Бразилскиот претседател,крајниот десничар Жаир Болсонаро,конечно го прекина молкот.

    Ниту го призна поразот на изборите, ниту го оспори резултатот и победата на Лула Да Силва.

    Во Бразил следува процес на транзиција на власта.

     

  • Свет 01.11.2022 17:23

    Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал

    Шпанската воздухопловна компанија Вуелинг денеска откажала 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал, известуваат шпанските медиуми.

    Синдикатот побарал 13.4 отсто зголемување на платите на кабинскиот персонал на овој авио-превозник со седиште во Барселона.

  • Свет 01.11.2022 17:17

    Падна хеликоптер во Норвешка, има загинати

    Хеликоптер се урна во централна Норвешка, при што загинаа две лица, а едно е тешко повредено.

Pages