• Свет 10.11.2022 09:56

    Бербок: Усогласување за нови санкции за Иран

    Европската унија следната недела ќе се обиде да усвои нови санкции против Иран, како одговор на насилството на властите врз учесниците на масовните протести што беа предизвикани од смртта на младата Махса Амини, во притвор на иранската полиција за морал, изјави германската министерка за надворешн

  • Свет 10.11.2022 09:55

    Повлекувањето на Русија од Херсон може да е замка

    Рускиот министер за одбрана, Шојгу им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели.

  • Свет 10.11.2022 09:55

    Бајден најави нова кандидатура за претседател

    Џо Бајден изрази олеснување откако демократите се одбранија од голема републиканска победа на изборите за Конгресот.

    Рече дека во почетокот на следната година и официјално ќе објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД.

  • Свет 10.11.2022 09:29

    „Мета“ отпушта 11.000 вработени, им објави на вработените Цукерберг

    „Мета“ отпушта 13 отсто од својот персонал или повеќе од 11.000 вработени, им објави на вработените извршниот директор Марк Цукерберг.

  • Свет 09.11.2022 20:47

    СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима

    Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација.

    Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

  • Свет 09.11.2022 17:59

    Шојгу нареди повлекување од Херсон

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели.    

  • Свет 09.11.2022 14:49

    Силен земјотрес регистриран утринава во Италија

    Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според европската сеизмичка скала изутрината ја погоди Италија. Епицентарот на длабочина од 10 км, 62 км источно од Римини. Следувале два последователни потреси од 2,4 до 4,1 по Рихтери.

  • Свет 09.11.2022 12:40

    Тесна разлика во Сенатот меѓу републиканците и демократите

    Тесна разлика во Сенатот меѓу републиканците и демократите, во Претставничкиот дом повеќе од веројатно е дека победи црвениот бран. Го добивме Домот повторно, порача лидерот на републиканците во Домот, каде што досега претседаваше демократката Пелоси.

  • Свет 09.11.2022 11:43

    ЕУЛЕКС доби привремено засилување на Косово

    Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, соопшти дека полицијата на ЕУЛЕКС добила засилување за да обезбеди стабилност на Косово.

  • Свет 09.11.2022 10:16

    Жестоки битки во Украина

    Продолжуваат битките во Украина. Кирил Стремусов, прорускиот лидер на Херсон објави дека украинските сили се обиделе да ја пробијат линијата на фронтот на три места.

    Генералштабот на Украина обвинува за продолжување на систематско ограбување од страна на окупаторите.

Pages