Во Данска денеска се одржуваат парламентарни избори, а премиерката Мете Фредериксен се надева на гласање за доверба во нејзиното справување со пандемијата и за нејзиното раководство да ја надмине зголемената инфлација и геополитичката несигурност.
-
Свет 01.11.2022 16:26
-
Свет 01.11.2022 16:13
Еден загинат и околу 20 повредени во две престрелки во САД
Едно лице загина, а околу 20 се повредени за време на Ноќта на вештерките во две одвоени престрелки во САД – во Чикаго и Канзас Сити, соопшти полицијата.
-
Свет 01.11.2022 14:53
Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев
Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев по руските напади. Во другите делови е се уште отежнато, откако Русија со десетици проектили ги нападна клучните објекти.
„Живееме веднаш до електраната. Се тресеше толку многу што и целата куќа се тресеше“.
-
Свет 01.11.2022 12:02
По петти пат за три и пол години Израелците гласаат за новата влада
По петти пат за само три и пол години, Израелците на националните избори во надеж дека ќе го наминат политичкиот ќорсокак што ја парализираше земјата. 39 партии во борба за место во Кнесетот, но се очекува само третина да го мине изборниот праг. Анкетите предвидуваа голема неизвесност.
-
Свет 01.11.2022 11:42
Војската на Србија во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово
По наредба на претседателот Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во гостување на српска телевизија.
-
Свет 01.11.2022 11:12
Во Косово стапува во сила одлуката за замена на српските со косовски таблички
Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
-
Свет 01.11.2022 10:21
Илон Маск – нов генерален директор на „Твитер“
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, основач на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, а од неодамна сопственик и на „Твитер“, се постави себеси за генерален директор на оваа социјалната мрежа. Претходно го распушти управниот одбор на директори и најави нови реструктурирање на компанијата.
-
Свет 01.11.2022 09:42
Јужнокорејското МВР се извини за несреќата во Сеул
Јужнокорејското МВР се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на забавата за Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата.
-
Свет 01.11.2022 09:34
Парламентарни избори во Израел
Парламентарни избори во Израел. По петти пат за три и пол години Израелците гласаат за новата влада.
-
Свет 01.11.2022 09:29
Зеленски: Украина ќе остане гарант за светската безбедност на храната
Снабдувањето со електрична енергија и вода низ градовите во Украина е отежнато откако Русија, вчера, со десетици проектили ги нападна клучните објекти. 40 насто од главниот град остануваат без вода, а 270.000 домови немаат струја. Во меѓувреме нападите продолжуваат.










