„Договорот за морска граница меѓу Израел и Либан, склучен со посредство на САД, ќе биде потпишан в четврток“ – соопшти израелскиот премиер Лапид, додавајќи дека неговата земја наскоро ќе стане важен снабдувач на гас за Европа.
-
Свет 25.10.2022 09:50
-
Свет 25.10.2022 09:49
Израелските сили усмртија Палестинци
Неколкумина Палестинци се убиени во судирот со израелските безбедносни сили кои влегоа на неколку локации на Западен брег. Дваесетина се поведени при рациите во градот Наблус.
-
Свет 25.10.2022 09:48
Русија тврди – Киев подготвува „валкана бомба“
Руското МНР тврди дека Украина веќе почнала да го спроведува планот за провокација со употреба на т.н. „валкана бомба“.
-
Свет 25.10.2022 09:41
Смртоносен напад во средно училиште во Сент Луис
Тројца загинати, шестмина ранети во вооружен напад во средно училиште во Сент Луис. Полицијата го уби осомничениот кој бил на возраст од околу 20 години. Во објектот имало 380 ученици.
Годинава во САД се случи серија напади во кои имаше многу жртви.
-
Свет 24.10.2022 19:40
Штрајк на трговците и работниците во Иран, како поддршка на демонстрантите
Трговците и работниците во неколку поголеми градови во Иран стапија во штрајк, по протестите предизвикани од смртта на младата Иранка, Махса Амини, по нејзиното апсење поради непочитување на строгиот кодекс на облекување во исламската република, каде што жените мораат со хиџаб да ги покриваат гла
-
Свет 24.10.2022 18:34
Логар и Пирц- Мусар во вториот круг претседателски избори во Словенија
Десничарскиот политичар Анже Логар и центристички независната кандидатка Наташа Пирц-Мусар ќе се соочат на вториот круг од претседателските избори во Словенија, откако ниту еден кандидат не постигна целосна победа во првиот круг од гласањето.
-
Свет 24.10.2022 17:48
Риши Сунак- нов премиер на Обединетото Кралство
По потекло од Индија, Риши Сунак ќе биде новиот премиер на Обединетото Кралство. Ова го потврди Греем Брејди од Конзервативната партија, по повлекувањето на кандидатурата на Пени Мордон.
-
Свет 24.10.2022 13:35
Русите се обидуваат да го изолираат Херсон пред украинската контраофанзива
Украинската влада соопшти дека Русија се обидува да ги прекине телекомуникациите во Херсон за да ги спречи активистите и другите противници на руската окупација да испраќаат информации до вооружените сили на Украина.
-
Свет 24.10.2022 10:58
Сеул и Пјонгјанг разменија предупредувачки истрели
Јужнокорејската армија истела предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, бидејќи, како што тврдат ја прекршил поморската граница за која двете земји се спорат.
-
Свет 24.10.2022 09:43
Сунак фаворит за премиер, Џонсон се повлече
Поранешниот министер за финансии Риши Сунак е најсериозен кандидат да ја замени Лиз Трас. Поранешниот премиер Џонсон се повлече од трката за британски премиер.
Тој тврдеше дека ја има потребната поддршка за да остане, но рече дека тоа нема да биде правилно.









