• Свет 20.10.2022 14:55

    Премиерката на Велика Британија поднесе оставка

    Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер на Велика Британија.

    Пред десетици новинари пред Даунинг стрит бр. 10 Трас рече дека ја презела функцијата во време на „голема економска и меѓународна нестабилност“.

  • Свет 20.10.2022 13:43

    Париз: 55 француски државјани се вратиле од Сирија

    Повеќе од 50 француски државјани, главно жени и деца, се вратени во земјата од курдските кампови во североисточна Сирија во последната операција за репатријација, соопшти Министерството за надворешни работи на Франција.

  • Свет 20.10.2022 13:26

    Киев воведува рестрикции поради уништените електроцентрали по руските напади

    Од денеска на сила воена состојба во украинските региони, кои на референдум гласаа за приклучување кон Русија. Рускиот претседател Путин најави дека треба да се формираат штабови за територијална одбрана во самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, и во областите Запорожје и Херсон.

  • Свет 20.10.2022 11:39

    Уапсено лице во Вашингтон со оружје во автомобил

    Осумдесетгодишен маж од Џорџија бил уапсен откако во неговото возило паркирано во близина на Капитол Хил во Вашингтон биле пронајдени два пиштола и пушка.

    Приведениот наводно сакал да достави документи до Врховниот суд на САД.

  • Свет 20.10.2022 09:59

    Ердоган: Европа ќе добива руски гас преку Турција

    Турскиот претседател Ердоган изјави дека со неговиот руски колега Путин се договорил за изградба на јазол за природен гас во Турција. Изјави дека Европа ќе добива руски гас преку јазолот во Турција.

  • Свет 20.10.2022 09:57

    Состанок на Европскиот совет за Украина и енергијата

    Во Брисел почнува дводневен состанок на Европскиот совет на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за континуираната поддршка на ЕУ за Украина и ќе ја проценат состојбата на цените на енергијата и безбедноста на снабдувањето.

  • Свет 20.10.2022 09:56

    Воена состојба во областите приклучени кон Русија

    Од денеска на сила воена состојба во украинските региони, кои на референдум гласаа за приклучување кон Русија. Рускиот претседател Путин најави дека треба да се формираат штабови за територијална одбрана во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, и во областите Запорожје и Ерсон.

  • Свет 20.10.2022 09:50

    Уапсени 14 странски државјани на протестите во Иран

    Иранските безбедносни сили уапсиле 14 странски државјани, меѓу кои американски, британски и француски државјани, поради учество во антивладините протести.

  • Свет 19.10.2022 20:24

    Одложена заедничка седница на француската и германската влада

    Разликите во позициите меѓу Париз и Берлин предизвикаа одложување за јануари на заедничката седница на француската и германската влада, што требаше да се одржи на 26 октомври во Фонтенбло.     

  • Свет 19.10.2022 19:49

    Телефонски разговор Ердоган- Зеленски

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со својот украински колега, Володимир Зеленски, за последните случувања во врска со војната во Украина.

Pages