Иран изрече санкции за осум тела на Европската Унија и 12 поединци со обвинување дека нудат поддршка на тероризам, насилство и екстремизам за време на тековните протести во земјата. Иранското Министерство за надворешни работи ја предупреди Унијата да запре со досегашните политики.
-
Свет 27.10.2022 13:43
-
Свет 27.10.2022 13:09
Пентагон: Успешно лансиравме ракета
Американската морнарица и армија истрелаа проектил од центарот за лансирање ракети на островот Валопс на НАСА во Вирџинија, за да тестираат десетина експерименти со хиперсонично оружје.
-
Свет 27.10.2022 12:50
Продолжуваат жестоките битки
Украинските трупи држат два клучни града во Донбас и покрај силните руски напади, тврди украинскиот претседател Зеленски.
-
Свет 27.10.2022 11:12
Маск влезе во седиштето на „Твитер“ носејќи мијалник
Милијардерот Илон Маск синоќа го посети седиштето на компанијата „Твитер“ во Сан Франциско, а тоа го документира со објава на оваа социјална мрежа.
Тој објави видео на кое се гледа како влегува во просториите на „Твитер“ носејќи ни помалку ни повеќе туку мијалник.
-
Свет 27.10.2022 10:53
Претседателката на ЕК фон дер Лајен во Тирана и Приштина
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска е во посета на Тирана и Приштина како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан.
-
Свет 27.10.2022 10:05
Џинпинг: Кина е подготвена да работи со САД
Кинескиот претседател Ши Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да работи со САД во корист на двете земји.
Истакна дека Кина и САД, како големи светски сили, треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да обезбедат светска стабилност.
-
Свет 27.10.2022 10:05
Најмалку 13 убиени во напад на свето место
Вооружени напаѓачи нападнаа големо шиитско свето место во иранскиот град Шираз, при што загинаа најмалку 13 лица, а беа ранети десетици. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Иранскиот претседател Раиси вети дека нападот нема да помине неказнето.
-
Свет 27.10.2022 10:04
Мелони вети воена поддршка за Украина
Единствениот начин да се овозможи мировен договор меѓу Русија и Украина е да му се помогне на Киев воено да се одбрани, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Берлускони кој отворено го обвини украинскиот претседател дека ја предизвикал војната, ја поддржа Мелони.
-
Свет 27.10.2022 10:03
Зеленски: Соборени околу 250 руски хеликоптери
Украинските трупи држат два клучни града во Донбас и покрај силните руски напади вели претседателот Зеленски.
-
Свет 26.10.2022 22:49
Српското Собрание вечерва ја изгласа новата 17-та влада, Ана Брнабиќ по трет пат премиерка
Српското собрание со 157 гласа за и 68 гласа против ја изгласа новата Влада на Србија, 17-та по ред, со што Ана Брнабиќ по трет пат стана српска премиерка.









