• Свет 26.09.2022 09:39

    Жртви во тајфунот „Нору“

    Најмалку пет лица загинаа на тајфунот „Нору“ на Филипините. Тропската бура е проследена со екстремни ветрови и обилни врнежи.

  • Свет 26.09.2022 09:34

    Жените ќе работат една година повеќе за целосна пензија

    Швајцарците изгласаа зголемување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години. „Подоцнежното пензионирање на жените не е само чекор назад во однос на еднаквоста, туку шлаканица за сите жени“, изјавија членови на Социјалистичката партија.

  • Свет 26.09.2022 09:33

    Победа на крајната десница, Мелони е за единство

    Џорџа Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ ѝ обезбедија јасна победа на десничарската коалиција на парламентарните избори.

    Според излезните прогнози, Браќа на Италија добила речиси една четвртина од гласовите. 45-годишната Мелони изјави дека е потребно единство.

  • Свет 26.09.2022 09:33

    Киев: По референдумите нема да може да се преговара со Москва

    Четврти ден од референдумот во четирите украински области под руска контрола. Киев порача дека по гласањето нема да постои можност за преговори со Москва.

    Русија го обвини непријателот за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје.

  • Свет 25.09.2022 13:20

    Лавров го обвини Западот за „русофобија“

    „Западот шири русофобија, целта е да се порази и уништи Русија, а со референдумите на украинските територии, локалните жители ја враќаат земјата која со векови била на нивните предци“, дел од пораките на обраќањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Генералното собрание на

  • Свет 25.09.2022 10:50

    Парламентарни избори во Италија, фаворит лидерката на десницата

    Парламентарни избори во Италија. Големи се шансите за победа на десничарската коалиција со што земјата би ја добила првата премиерка.

  • Свет 25.09.2022 10:42

    Истрелана балистичка ракета, Сеул на итен состанок

    Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег. Пробата се случува во пресрет на планираните воени вежби на јужнокорејските и американските сили, како и посетата на регионот на американскиот потпретседател Камала Харис.

  • Свет 24.09.2022 13:31

    Пекинг: САД праќаат опасни сигнали за Тајван

    „Тајванското прашање е кинеска работа, а Вашингтон нема право да се меша во однос на методата која ќе се користи за негово решавање“, порача кинеското МНР.

    Пекинг ги обвини САД дека испраќаат опасни сигнали до островот кој го сметаат за дел од кинеската територија.

  • Свет 24.09.2022 09:40

    Продолжуваат референдумите за обединување со Русија, нови напади во Одеса и Запорожје

    Киев во контраофанзива. Властите известуваат за напади врз Одеса и Запорожје во кои има жртви. Во четирите украински области на териториите под руска контрола продолжуваат референдумите за обединување со Русија. Гласањето во Доњецк, Луганск, Запрожје и Херсон ќе трае до 27 септември.

  • Свет 24.09.2022 08:28

    Зеленски повика да се осудат руските „псевдореферендуми“

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го повика светот да ги осуди „псевдореферендумите“ организирани од Русија кои во моментов се одржуваат на четирите територии што ги има освоено во Украина од почетокот на нејзината инвазија.    

Pages