Канада од 1-ви октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата.
Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати.
Канада од 1-ви октомври ќе ги укине сите ограничувања против коронавирусот за патниците кои пристигнуваат, соопшти Владата.
Во соопштението се додава дека и барањата за тестирање и карантин ќе бидат укинати.
Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 15, објави Истражниот комитет.
Како што е наведено, вооружениот напаѓач, денеска, пред да изврши самоубиство, убил 15 луѓе, меѓу нив 11 деца, а повредил 24 лица.
Фотографии и видео материјал на социјалните мрежи од границата меѓу Русија и Грузија покажуваат долги редици сообраќај низ планински премин.
„Си-ен-ен“ пишува дека луѓе чекаат до 48 часа за да влезат во Грузија.
Четврти ден од референдумското изјаснување во украинските области под руска контрола. До сега најголем одѕив е забележан во самопрогласената Доњецка Народна Република.
„Ако нè избраа да ја водиме државава, ќе ја водиме за сите Италијанци“, порача лидерката на крајната десница Џорџа Мелони чијашто партија триумфираше на вонредните парламентарни избори во Италија.
Иранското МНР ги повика на разговор британскиот и норвешкиот амбасадор поради мешање и непријателско медиумско известување за немирите во земјата. Протестите почнаа поради смртта на Махса Амини која почина во притвор откако била уапсена поради неправилно носење на хиџаб.
Вооружен маж денеска уби девет лица во училиште во рускиот град Ижевск пред да се самоубие. Меѓу жртвите има пет деца, двајца наставници и двајца обезбедувачи. Локалната полиција соопшти дека вооружениот напаѓач ранил 20 други во училиште во централна Русија.
Лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на партијата.
Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска ќе изврши проба со контролирано уривање на летало со цел менување на правецот на движење на астероид. Пробата се врши за да се изучат техники за менување на правец на астероид во случај на негов судир со Земјата.
Шестмина офицери на пакистанската армија загинаа во уривање на хеликоптер што е втор ваков инцидент во речиси два месеци, соопшти денеска војската.
Како што пренесува ДПА, несреќата се случила во југозападната провинција Белучистан, која граничи со Авганистан и Иран.