• Свет 26.05.2022 12:19

    Републиканците и демократите со меѓусебни обвинувања

    Демократите и републиканците со меѓусебни обвинувања по грозоморното убиство во основно училиште во Тексас. Демократскиот кандидат за гувернер, О’Рурк го обвини гувернерот Абот дека приоритет му е да дозволи секој да носи огнено оружје во јавност без проверка.

  • Свет 26.05.2022 10:13

    Зеленски ги отфрли предлозите за територијални отстапки во корист на Русија

    Украинскиот претседател Зеленски остро ги отфрли предлозите дека владата во Киев треба да направи територијални отстапки во корист на Русија за да се стави крај на војната.

  • Свет 26.05.2022 09:59

    Советот за безбедност денеска гласа за новите санкции против Северна Кореја

    Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за заострување на санкциите против Северна Кореја, поради нејзиното лансирање балистички проектили.

    Кина, која има право на вето, тврди дека резолуцијата нема да реши никакви проблеми.

  • Свет 26.05.2022 09:57

    Орбан: Нови даноци за банките и компаниите

    Унгарија ќе ги обврзе банките, телекомуникациските фирми, големите трговски синџири, осигурителните компании, енергетските компании и авиокомпаниите да уплатат „голем дел од нивните дополнителни профити“ во државниот буџет.

  • Свет 26.05.2022 09:56

    Повеќемина загинати во експлозии

    Најмалку девет лица загинаа, а 15 се повредени во три експлозии во авганистанскиот град Мазар-Е-Шариф.

    Експлозиите се случиле во провинцијата Балк, а одговорноста ја презеде Исламската држава.

    Во експлозиите биле уништени и неколку патнички возила.

  • Свет 26.05.2022 09:55

    11 новороденчиња изгореа во пожар во болница

    Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, на 120 километри источно од главниот град Дакар.

    Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избувнал во неодамна отворената болница „Мама Абду азиз Си Дабах“.

  • Свет 25.05.2022 22:48

    Роберт Голоб избран за нов премиер на Словенија

    Словенечките пратеници го изгласаа Роберт Голоб за мандатар на новата Влада, откако неговата партија победи на националните избори минатиот месец, отворајќи го патот за формирање нова влада, пишува агенцијата СТА.

  • Свет 25.05.2022 19:02

    Продолжуваат жестоките битки во Донбас, во Одеса мирно

    Жестоки битки во Донбас. Индустрискиот центар на Украина останува примарна цел на руските сили.

    „Ова е пекол. Прво, секој ден не гранатираат. Второ, има премногу мртви. Третохуманитарни проблеми“.

  • Свет 25.05.2022 13:18

    Бројот на ранетите во Увалде сè уште не е утврден

    Светот во неверување и со осуди за масакрот во Увалде, Тексас во кој најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во основното училиште Роб. Има и повредени со сериозни последици. Напаѓачот Салвадор Роландо Рамос, ученик во средно училиште е ликвидиран од полицијата.

  • Свет 25.05.2022 12:59

    Руската војска ги интензивира операциите во Северодоњецк

    Жестоки битки во Донбас. Индустрискиот центар на Украина останува примарна цел на руските сили. Трупите веќе зазедоа термоцентрала, сега ги интензивираат напорите за опсада на Северодоњецк.

Pages