Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге смирува – на повидок крајот на пандемијата за Европа. Високите стапки на вакцинација, промената на сезоната, имунитетот создаден од инфекции и поблагата варијанта Омикрон се фактори коишто, според него, ветуваат подобрување на состојбата.
-
Свет 04.02.2022 09:50
-
Свет 03.02.2022 13:02
Најмалку 13 лица загинаа во антитерористички напад во Сирија
Американските специјални сили извршија антитерористички напад во северозападниот дел на Сирија, во близина на турската граница, кој е под контрола на опозицијата.
-
Свет 03.02.2022 12:50
17 лица починаа од смртоносен кокаин во Аргентина
Најмалку 17 лица починаа во Аргентина, десетици се хоспитализирани откако конзумирале кокаин за кој постои сомневање дека содржи отровна супстанца.
Безбедносните сили во Буенос Аирес уапсиле лица осомничени за продажба на дрога, откако биле утврдени првите смртни случаи.
-
Свет 03.02.2022 09:48
Европа полека се збогува со ковид-мерките
Иако бројот на заразени со коронавирус постојано расте, многу земји, меѓу кои Данска, Грција, Велика Британија, Ирска, Шведска и Финска, целосно ги укинуваат или минимизираат мерките воведени со цел да се спречи ширењето на вирусот.
-
Свет 03.02.2022 09:41
Бајден и Макрон: Координирана акција против Русија
Американскиот и францускиот претседател Бајден и Макрон координирано ќе одговорат на руското воено присуство на украинската граница.
-
Свет 02.02.2022 11:59
Западот и Русија и понатаму со заострена реторика
Дипломатија на висок тон во обидите за наоѓање на мировно решение за руско-украинската криза. Британскиот премиер Борис Џонсон, кој беше во посета на Киев, предупреди дека ќе бидат воведени санкции во моментот кога Русија ќе го направи и најмалиот чекор во Украина.
-
Свет 02.02.2022 10:51
Турската авијација ракетираше позиции на Курдите во Ирак и Сирија
Турската воена авијација ракетираше позиции на Курдите во Ирак и Сирија. Од турското МНР тврдат дека операцијата била насочена кон единиците на Работничката партија на Курдистан која има бази во Ирак, како и кон сириските Курди кои Турција ги смета за терористи.
-
Свет 02.02.2022 10:40
Пукотници во близина на училиште во Минесота, убиен е ученик
Еден ученик е убиен, а друг посериозно повреден во пукотници во близина на училиште во Ричфилд, Минесота. Осомничениот напаѓач е во бегство, во тек е истрага за случајот.
Во објектот имало околу 200 ученици, вклучувајќи и деца на предучилишна возраст.
-
Свет 02.02.2022 10:09
Норвешка ќе ги укине останатите мерки против ковид-19
Норвешка ќе ги укине останатите мерки против ковид-19. Во декември оваа скандинавска земја делумно се затвори поради ширењето на Омикрон.
-
Свет 02.02.2022 09:48
Жртви во несреќа во затворен рудник за јаглен во Индија
Петмина загинаа при незаконско копање во напуштен рудник за јаглен во источна Индија. Екипите ги пронашле телата на четирите жени и мажот, а трагаат и по неколкумина исчезнати.









