Иран ја претстави новата ракета со дострел од 1.450 километри. Модифицираниот дизајн за третина ја намалил нејзината тежина во однос на сличните ракети и е за шест пати скратено времето за подготовка за лансирање.
-
Свет 09.02.2022 15:04
-
Свет 09.02.2022 11:45
СЗО: Половина милион луѓе го изгубија животот како последица на видот Омикрон
Половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот Омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, велат од СЗО. Според организацијата „во ерата на ефективни вакцини, оваа бројка е повеќе од трагична“.
-
Свет 09.02.2022 11:29
Франција,Полска и Германија ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница
Челниците на ЕУ треба да постигнат голем број суштински цели, а првата од нив е да се избегне војна. По посетата на Русија и Украина, францускиот претседател Макрон на разговори во Берлин. Франција, Германија и Полска ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница.
-
Свет 09.02.2022 10:36
Експлозија на плинска боца во Абу Даби
Тимови на цивилната одбрана го изгаснале пожарот кој бил предизвикан од експлозија на плинска боца во зграда во Абу Даби, објави државната агенција.
Во пожарот нема повредени. Експлозијата се случила на улицата Хамдам каде се одржува светското клупско првенство во фудбал.
-
Свет 09.02.2022 10:27
Трудо: Протестите на камионџиите во Канада мора да престанат
Канадскиот премиер Џастин Трудо побара прекин на протестот на камионџии против ограничувањата за ковид-19 што го парализираа главниот град.
-
Свет 08.02.2022 12:54
Путин: Ако Украина се приклучи на НАТО и се обиде насила да го врати Крим,ќе има воен конфликт
Оптимизам по разговорите меѓу францускиот и рускиот претседател. Макрон и Путин најавија напредок во решавањето на украинската криза.
-
Свет 08.02.2022 08:52
Дипломатската офанзива би можела да резултира со излез од кризата
Неколку предлози изнесени од францускиот претседател Емануел Макрон за време на разговорите на 7 февруари во Москва би можеле да бидат основа за излегување на кризата околу Украина, рече рускиот претседател Владимир Путин.
-
Свет 07.02.2022 13:38
Дипломатска офанзива за избегнување на нов конфликт во Украина
Европските лидери со силна дипломатска офанзива во обид за мирно решавање на украинската криза. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Москва на средба со претседателот Путин. Утре ќе патува за Киев на разговори со шефот на украинската држава Зеленски.
-
Свет 07.02.2022 11:57
Вонредна состојба во Отава, градот е парализиран од протестите на камионџиите
Прогласена вонредна состојба во Отава по 10-дневните протести и блокади од возачите на камиони кои го парализираа градот. Мерките ја одразуваат сериозната закана за безбедноста на граѓаните, изјавата на градоначалникот Џим Вотсон.
-
Свет 07.02.2022 11:45
Макрон на средба со Путин, Олаф Шолц на разговор со Бајден
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, по што заминува за Киев каде што ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.









