Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-
Свет 01.06.2022 09:51
-
Свет 31.05.2022 20:44
Во Украина убиени повеќе од 4.000 цивили
Повеќе од 4.000 цивили се убиени за време на војната во Украина, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.
-
Свет 31.05.2022 14:37
ЕУ: Делумно ембарго за руската нафта
Лидерите на ЕУ се договорија, нема да увезуваат седумдесет и пет насто руската нафта. Поради приговорот на Унгарија, забраната се однесува само на горивото што пристигнува по морски пат, но не и преку нафтоводите. Во моментов, 27% од нафтата и 40% од природниот гас на ЕУ доаѓаат од Русија.
-
Свет 31.05.2022 13:59
Експлодираа боци со пропан во фабрика за хемикалии во Омаха
Пожар во фабрика за хемикалии во Омаха. Експлодираа неколку големи боци со пропан.
Властите го евакуираа населението, илјадници домаќинства останаа без струја.
Не е издадено предупредување за ризик од токсични честички во воздухот. Во тек е истрага за причините за пожарот.
-
Свет 31.05.2022 13:47
Ураганот „Агата“ го погоди јужно Мексико
Ураганот „Агата“ предизвика поплави во јужно Мексико.
Невремето се формираше пред два дена како бура од втора категорија. Националниот центар за урагани прогнозира поројни дождови и во наредните денови.
-
Свет 31.05.2022 12:27
Зеленски: Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка
Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Рече дека ситуацијата останува исклучително тешка. Истакна и дека руските трупи го гранатирале Харков и регионот суми …
-
Свет 31.05.2022 11:39
30 кинески авиони влегоа во воздушниот простор на Тајван
Триесет авиони на кинеското воено воздухопловство од кои 20 ловци навлегле во зоната на тајванската противвоздушна одбрана, соопштија тајванските власти.
-
Свет 31.05.2022 09:55
Близу 100 жртви во поплавите, 20 исчезнати
Близу 100 лица загинале во поплавите во Бразил за време на викендот, 20-ина се водат како исчезнати.
Претседателот Болсонаро прелета над погодената област. Рече дека земјата неодамна доживеала слични катастрофи во планините над Рио Де Жанеиро, државите Баија и Минас Жераис.
-
Свет 31.05.2022 09:52
Откажан референдумот за приклучување кон Русија
Јужна Осетија го откажа планираниот референдум за приклучување кон Русија. Референдумот го свика поранешниот покраински водач Анатолиј Бибилов, за кој многумина веруваат дека тоа го направил за да си осигури реизбор.
-
Свет 31.05.2022 09:51
Делумно ембарго на руската нафта
Земјите-членки на ЕУ договорија нов пакет санкции со кој се намалуваат повеќе од две третини од увозот на руска нафта во блокот, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.










