Европскиот парламентот повика на привремено укинување на правата на интелектуална сопственост на вакцините против Ковид-19. Целта е забрзување на распоредувањето на глобално ниво и подобрување на пристапот до имунизација.
-
Свет 10.06.2021 13:34
-
Свет 10.06.2021 12:55
Русија: Организациите поврзани со Навални се екстремистички
Руското судство ги означи како „екстремистички“ организациите на опозицискиот Алексеј Навални. Мерката овозможува нивна ликвидација и засилена репресија врз неговите приврзаници пред парламентарните избори закажани за септември.
-
Свет 10.06.2021 11:02
Генерален штрајк во Грција
Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, почнаа 24-часовен генерален штрајк, кој ќе доведе проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните.
-
Свет 10.06.2021 09:51
Германија ќе ја контролира пандемијата со вакцини
Пандемијата со Ковид-19 веројатно ќе стане епидемија до есен или зима, и може да се очекува да се повторува секоја година, но и да се контролира со вакцини, сметаат некои германски вирусолози.
-
Свет 10.06.2021 09:35
Албанија: Разрешен претседателот Илир Мета
Албанскиот парламент го разреши претседателот на државата Илир Мета со 104 гласа „за“, седум против и три воздржани.
-
Свет 09.06.2021 13:53
Еднаква распределба на вакцините
Европската унија извезува речиси половина од производството на вакцини против Ковид-19. Од 600 милиони дози произведени во Европа, околу 300 милиони вакцини се планирани за извоз во над 90 земји.
-
Свет 09.06.2021 11:07
Воздушен напад во близина на Дамаск, најмалку осум лица загинати
Најмалку осуммина загинати во синоќешниот воздушен напад во близина на Дамаск и во централната провинција Хомс во Сирија.
Државната новинска агенција Сана соопшти дека израелски напади доаѓале од воздушниот простор над соседен Либан, а цел биле воени позиции и складишта за оружје.
-
Свет 09.06.2021 10:01
Грција и шест земји- членки на ЕУ воведуваат систем за потврди за патување
Грција и уште шест земји-членки на Европската унија денес воведуваат систем за потврди за патување „Ковид-19“.
-
Свет 08.06.2021 13:38
Масовна операција против организираниот криминал
Стотици апсења се извршени низ светот како дел од масовна операција против организираниот криминал. Во рацете на безбедносните служби паднаа најразлични криминалци, трговци со дрога и оружје, припадници на мафија или на мото-банди.
-
Свет 08.06.2021 12:13
САД: Коалиција против земјите домаќини на хакери
САД како дел од својата стратегија за борба против кибер нападите, планираат да формираат меѓународна коалиција за да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери.









