Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека повлекувањето на силите на НАТО од Авганистан се одвива успешно, на уреден и координиран начин.
-
Свет 02.06.2021 09:28
-
Свет 01.06.2021 20:44
СЗО ја одобри вакцината „Синовак“ за итна употреба
Светската здравствена организација- СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синовак Бајотек“ за итна употреба.
-
Свет 01.06.2021 13:41
Перу урива црни рекорди
Двојно зголемен бројот на починати од коронавирус во Перу. Со тоа земјата има најголема смртност од Ковид-19 во светот, во однос на вкупниот број на популацијата. Втора на листата е Унгарија.
-
Свет 01.06.2021 10:55
По 20 години уапсен убиецот на загрозени тигри
Осомничениот за убиство на 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20-годишна потрага. Хабиб Талукдер, познат како Тигар Хабиб, конечно бил фатен по дојава, откако за него беа распишани три претходни потерници.
-
Свет 01.06.2021 10:42
Земјотрес од 3,9 Рихтери ја погоди Хрватска
Земјотрес со сила од 3,9 степени е регистриран во Хрватска, околу три часот по полноќ. Епицентарот бил во околината на Петриња и Сисак, на околу 51 километар југоисточно од Загреб на длабочина од пет километри.
-
Свет 01.06.2021 10:20
Макрон се закани дека ќе ја повлече војската од Мали
Францускиот претседател Макрон соопшти дека неговата земјата ќе ја повлече својата армија од Мали доколку продолжи институционалната нестабилност во земјата.
Макрон изјави дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.
-
Свет 01.06.2021 09:59
Перу со најголема смртност од коронавирус во светот
Двојно се зголеми бројот на починати од коронавирус во Перу. Со тоа, земјата има најголема смртност од Ковид-19 во светот, во однос на бројноста на популацијата.
-
Свет 31.05.2021 13:50
Со помош на Данска, НСА прислушувала функционери
„Данската тајна служба (ФЕ) ѝ помагала на Американската агенција за национална безбедност (НСА) да ги шпионира европските лидери, вклучувајќи ги и германската канцеларка Меркел и претседателот Штајнмајер“, тврдат повеќе европски медиуми.
-
Свет 31.05.2021 11:45
Киднапирани над 150 деца во Нигерија
Криминална група киднапираше над 150 ученици во Рафа, Нигерија. Во инцидентот загина едно лице.
Нападот го извршиле дваесетина вооружени мажи кои пристигнале со мотори, а по киднапирањето на децата, заробиле и група патници од автобус кој бил на местото на злосторот.
-
Свет 31.05.2021 10:32
Данска им помагала на САД во шпионирање на европски фунцкионери
Данската тајна служба и помагала на Американската агенција за национална безбедност да ги шпионира европските лидери, вклучувајќи ги и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк Валтер-Штајнмајер.










