Судири на аеродромот во Каракас на пречекот на опозицискиот лидер на Венецуела Хуан Гуаидо кој ја заврши тринеделната меѓународна турнеја.
-
Свет 12.02.2020 12:21
-
Свет 12.02.2020 10:57
По „Кира“ доаѓа бурата „Денис“
Метеоролошките служби предупредуваат дека по бурата „Кира, на Западна Европа и се заканува ново невреме наречено „Денис“ кое ќе дојде од Атлантскиот Океан. Прва на удар в сабота би била Шкотска, а во наредните неколку часови ќе се прошири и низ повеќе други делови.
-
Свет 12.02.2020 10:09
„Ковид-19“ е името на новиот Коронавирус
Над 44.600 заразени, а 1.113 починати од коронавирусот којшто доби официјално име „Ковид-19“. Терминот е комбинација од англиските зборови за „корона“, „вирус“ и а „болест“.
-
Свет 11.02.2020 15:25
Оставката на Анегрет Крамп- Каренбауер носи опасност од политичка криза
Најавената оставка на претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер и нејзиното откажување од кандидатурата за канцеларската позиција предизвика тектонски промени на политичката сцена во Германија.
-
Свет 11.02.2020 13:31
Коронавирус: Бројот на жртви надмина 1.000, заразени над 42.000
Коронавирусот зема сѐ поголем замав. Бројот на починати надмина 1.000 лица, додека пак заразени се повеќе од 42.000.
-
Свет 11.02.2020 12:39
Грција ќе гради затворени мигрантски кампови
Грчкото министерство за миграција најавува изградба на затворени мигрантски кампови на неколку острови во Егејско Море за да се контролира полесно движењето на барателите на азил.
-
Свет 11.02.2020 12:12
Обраќање на Абас против договорот на Трамп
Палестинскиот претседател Махмуд Абас со обраќање во Советот за безбедност на Обединетите Нации, изразувајќи протести против мировниот план за Блискиот исток претставен од американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Свет 11.02.2020 11:05
Пентагон: Лага е дека се повлекуваме од Ирак
Пентагон негира дека американските војници целосно заминуваат од Ирак. Военото присуство ќе се ограничува на две од вкупно 15-те бази во близина на градот Ербил, во северниот дел, и на воздухопловната база Аин ал Асад.
-
Свет 10.02.2020 15:34
Прва жртва на бурата „Кира“ во Британија
Бурата „Кира“ ја зеде првата жртва во Велика Британија, а силните ветришта и поројните дождови пустошат делови и во неколку други европски држави. Откажани се многу летови, а во прекин е и железничкиот сообраќај. Пристаништата се затворени, се одложуваат фудбалски натпревари и културни настани.
-
Свет 10.02.2020 15:20
Наследничката на Меркел, Крамп-Каренбауер, поднесува оставка
Анергрет Крамп-Каренбауер, наследничката на канцеларката Ангела Меркел поднесува оставка од челната позиција на Демохристијанската унија.






