• Свет 29.01.2020 10:02

    Коронавирусот стигна во 20 земји низ светот

    Од последиците на новиот коронавирус во Кина до сега починале 132 лица, а заболени се над 6.000. Надвор од Кина се забележани 70 случаи на заболени, од кои најмалку петмина во САД, десетици има во Канада, Европа, Северна Америка, Азија и Австралија.

  • Свет 28.01.2020 13:18

    Удвоен бројот на заразени од Коронавирусот

    Над 100 починати од Коронавирусот кој се појави во кинескиот град Вухан. Властите тврдат дека само за еден ден се удвоил бројот на заразени. Повеќето од жртвите се повозрасни луѓе или кои веќе имале компликации со дишните патишта. Од болничко лекување се пуштени 60 луѓе.

  • Свет 28.01.2020 12:25

    Британија в петок заминува од ЕУ

    На 31-ви јануари на полноќ, Обединетото Кралство официјално излегува од Европската унија. По три и пол години маратонски преговори на релација Лондон- Брисел, Брегзит предизвика длабока поделеност и меѓу граѓаните, и меѓу политичарите.

  • Свет 28.01.2020 11:41

    Ирак: Осуда за употребата на прекумерна сила кон демонстрантите

    Дипломатските претставници од 16 земји во Ирак го осудија употребувањето на прекумерна сила од страна на ирачките безбедносни единици кон демонстрантите. Бараат темелна истрага за смртта на стотина луѓе кои беа убиени од октомври, но и почитување на слободата за собири и мирни протести.

  • Свет 28.01.2020 11:10

    Трамп ќе го објави мировниот план за Блискиот исток

    Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток. Палестинските лидери тврдат дека е заговор против нивниот обид за создавање на независна држава.

  • Свет 28.01.2020 10:05

    Над 100 починати од Коронавирусот, регистриран е првиот случај во Германија

    Над 100 починати од Коронавирусот, кој се појави во кинескиот град Вухан. Властите тврдат дека само за еден ден се удвоил бројот на заразени. Регистриран е првиот случај во Германија.

  • Свет 27.01.2020 15:48

    САД: Демократите бараат сведочење од Болтон

    Демократите повторно бараат сведочење од Џон Болтон, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, во судењето за негово отповикување од функција.

  • Свет 27.01.2020 12:49

    Коронавирусот се шири без видливи симптоми

    Осумдесетина  ја загубија битката со Коронавирусот, а речиси 3.000 се заразени од новиот тип кој се шири и без видливи симптоми. Повеќето од нив биле повозрасни лица или луѓе со претходни респираторни проблеми. Кинеските власти ги продолжија празниците за Лунарната нова година до 2-ри февруари.

  • Свет 27.01.2020 11:46

    Ракетирана Американска амбасада во Багдад

    Неколкумина  ранети  при ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад. Три проектили ја погодиле инсталацијата на зградата, додека една паднала во ресторанот на амбасадата.

  • Свет 27.01.2020 10:55

    Светот му оддава почит на кошаркарскиот ас Коби Брајант

    Светот му оддава почит на легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа на 41-годишна возраст. Во леталото коешто се урна, па опожари во Калабаса, Калифорнија се превезувале уште осумммина, вклучувајќи ја и неговата најстара ќерка.

Pages