Силен земјотрес со сила од 6,4 степени по Рихтер изутрината ја погоди Албанија, а потресот се почувствува во целиот регион. Оштетени се многу куќи и улици. Според информациите, најмалку седум луѓе загинале, но властите стравуваат дека бројката ќе се зголемува.
-
Свет 26.11.2019 10:08
-
Свет 25.11.2019 14:18
Одобрен новиот состав на Европската Комисија
Тимот на избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајн, доби зелено светло од Советот на ЕУ. Останува новата ЕК да биде одобрена од страна на Европскиот Парламент во среда.
-
Свет 25.11.2019 13:12
Пекинг нема да го смени односот кон Хонгконг
Официјален Пекинг најавува дека нема да го смени односот кон Хонгконг откако продемократската опозиција победи со апсолутно мнозинство на изборите во Хонгконг.
-
Свет 25.11.2019 12:12
Борисов во официјална посета на САД
Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД при што ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
-
Свет 25.11.2019 11:05
Ванг Ји: Хонгконг е дел од Кина
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Хонгконг е дел од Кина, без разлика што ќе се случи во оваа полуавтономна територија.
-
Свет 25.11.2019 10:31
Романија: Јоханис победник на претседателските избори
Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот изборен круг против лидерката на Социјалдемократската партија, Вјорика Данчила.
Од преброени речиси 88 насто од гласовите, Јоханис освои 63,2 проценти, а досегашната премиерка Данчила 36,8.
-
Свет 22.11.2019 14:07
Последен ден сведочења во рамки на процедурата за отповикување на Трамп
На петтиот и последен ден сведочења во рамките на процедурата за отповикување на американскиот претседателот Доналд Трамп, исказ дадоа Фиона Хил, поранешниот советник за Русија во Белата Куќа и Дејвид Холмс, аташе за надворешна политика во амбасадата на САД во Киев.
-
Свет 22.11.2019 11:13
Студенти протестираа против Мадуро во Каракас
Во Каракас студенти протестираа, барајќи крај на владеењето на Венецуелскиот социјалистички претседател Николас Мадуро.
-
Свет 22.11.2019 10:32
АИ: Загрозени правата на демонстрантите во Чиле
„Амнести интернешнл“ во објавениот извештај наведува дека чилеанските безбедносни сили сериозно ги загрозуваат правата на демонстрантите на мирно собирање и слобода на изразување.
-
Свет 21.11.2019 13:01
Осум земји на Еврозоната под лупа поради буџетот
Европската Комисија со предупредување до осум земји-членки на ЕУ кои ризикуваат да ги прекршат фискалните правила на блокот со непочитување на границите за долг и дефицит.





