Расте бројот на загинати во страотниот земјотрес што ја погоди Албанија. Десетици се загинати, а повредени се 650 граѓани, а над 40 биле спасени под урнатините. Повредите се главно поради уривање на ѕидови и кровови.
-
Свет 27.11.2019 12:45
-
Свет 27.11.2019 11:41
Папата Франциск: Светот да се ослободи од нуклеарната енергија
Папата Франциск го нарече неморално користењето на нуклеарното оружје и го оспори користењето на нуклеарната енергија, зашто не се осигурани безбедносните мерки кои можат да превенираат катастрофи, како онаа во Фукушима.
-
Свет 27.11.2019 10:35
Европскиот Парламент денеска гласа за новата Европска Комисија
Европскиот парламент напладне ќе гласа за новиот состав на Европската комисија. Доколку новиот состав биде одобрен, новоизбраната претседателка, Урсула Фон дер Лејен, ќе може да почне со работа на 2-ри декември.
-
Свет 27.11.2019 10:09
Расте бројот на настрадани во земјотресот во Албанија
Расте бројот на загинати во страотниот земјотрес што ја погоди Албанија. Најновите податоци говорат за 25 жртви, повредени се 650 граѓани, а 45-мина биле спасени. Повредите се во главно поради уривање на ѕидови и покриви.
-
Свет 27.11.2019 09:49
Силен земјотрес од 6,1 степен регистриран во Грција
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала e регистриран кусо пред 9.30 часот утрово по локално време, со епицентар во морскиот дел меѓу грчките острови Крит и Китира, во соседна Грција.
-
Свет 26.11.2019 14:42
Десетици загинати и стотици повредени во земјотресот во Албанија
Силен земјотрес со сила од 6,4 степени по Рихтер изутрината ја погоди Албанија, а потресот се почувствува во целиот регион. Бројот на жртви се зголемува. Според последните информации над десет луѓе загинале, стотици се повредени.
-
Свет 26.11.2019 12:45
Расте бројот на жртви по серијата земјотреси во Албанија
Силен земјотрес со сила од 6,4 степени по Рихтер изутрината ја погоди Албанија, а потресот се почувствува во целиот регион. Според информациите, најмалку девет луѓе загинале, но властите стравуваат дека бројката ќе расте. Повеќе од 300 луѓе се повредени.
-
Свет 26.11.2019 11:41
Земјотрес од 5,2 степени регистриран во БиХ
По низата земјотреси со епицентар во Албанија, денеска во 10 часот и 20 минути регистриран е замјотрес и во Босна и Херцеговина.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
-
Свет 26.11.2019 11:32
ЕУ подготвена да и помогне на Албанија по земјотресот
Европската Унија и стои на располагање на Албанија по земјотресот кој ја погоди земјата рано изутринава, соопштија службите за надворешни работи на ЕУ.
Европската Унија изразува сочувство за изгубените животи и повредените лица.
-
Свет 26.11.2019 10:27
Кери Лам: Поразот на прокинеските кандидати го одразува незадоволството на жителите на Хонгконг
Лидерката на хонгконшката влада Кери Лам призна дека големиот пораз на прокинеските кандидати на локалните избори го одразува незадоволството на жителите од начинот на кој владата се соочи со политичката криза во автономната кинеска територија.









