Поради епидемијата со морбили, владата во Самоа почна да спроведува кампања за масовно вакцинирање на територијата на целата земја.
-
Свет 05.12.2019 13:58
-
Свет 05.12.2019 12:13
Масовен штрајк против пензиските реформи
Сообраќаен хаос, заклучени институции, и метеж од велосипеди како во Амстердам – ова е сликата на Париз чијшто пулс е блокиран поради протестот против пензиските реформи со кои францускиот народ ќе треба да работи подолго за помалку.
-
Свет 05.12.2019 11:07
Потона брод со мигранти, десетици загинати
Најмалку 58 мигранти се удавиле откако потона брод што патувал од Гамбија кон Мавританија.
Според Меѓународната агенција за миграција, до копното успеале да отпливаат 83 од групата. Како причина за несреќата се наведува празнење на резервоарот со гориво.
-
Свет 05.12.2019 10:46
Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ
Претставници на влади, меѓународни организации и цивилниот сектор во Трст на конференција за соработка во врска со безбедносните ризици во Југоисточна Европа.
-
Свет 05.12.2019 10:33
Перл Харбор: Морнар повреди три лица, па изврши самоубиство
Припадник на американската морнарица рани тројца цивили на Хаваи, вработени во Секретаријатот за одбрана, по што изврши самоубиство. Вооружениот инцидент се случи на военото бродоградилиште во Перл Харбор. Мотивот не е утврден, а се проверува и идентитетот на морнарот кој пукаше цивилите.
-
Свет 04.12.2019 14:15
Прво обраќање на Фон дер Лајен пред ЕП
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на прво обраќање пред Европскиот парламент откако на први месецов ја презеде функцијата, при што ќе ја образложи програмата на Комисијата за време на нејзиниот мандат.
-
Свет 04.12.2019 12:54
Одбор за разузнавање: Трамп ставил лични интереси над националните
„Истрагата за импичмент откри дека претседателот Трамп, дејствувајќи лично и преку агенти во и надвор од владата на САД, помагал во мешање на странска влада - украинската - со цел да биде реизбран“, се вели во извештајот на Демократите кои во септември почнаа формална истрага за отповикување на 4
-
Свет 04.12.2019 12:05
Данска сака засилен надзор над Арктичкото Море поради Русија
Данската влада сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичко Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот.
-
Свет 04.12.2019 11:16
Американски земји воведоа забрана за влез на Венецуелци
15 американски земји воведоа забрана за патување во рамките на нивните граници на 29 Венецуелци, вклучувајќи го и претседателот Николас Мадуро и негови сојузници, како дел од дипломатските напори да го принудат да поднесе оставка.
-
Свет 04.12.2019 10:33
Одбор за разузнавање: Трамп ставил лични интереси над националните
„Претседателот на САД, Доналд Трамп, побарал странско мешање за да зголеми шансите за реизбор следната година, ја поткопал националната безбедност и наредил кампања за опструирање на Конгресот без преседан“, се наведува во извештајот на демократите кои во септември почнаа формална истрага за отпо





