По најновите мерки на Косово за зголемување на таксите од 10 на 100 насто за увозот на производи од Србија, српскиот претседател Александар Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност со државниот врв.
-
Свет 22.11.2018 10:21
-
Свет 21.11.2018 16:14
Турција бара истрага од ОН за убиството на Кашоги
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу најави дека Анкара не е задоволна од соработката со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, така што, би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации.
-
Свет 21.11.2018 14:26
Тереза Меј на средба со Јункер за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј, попладнево ќе се сретне со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, за да ги финализира последните елементи околу Брегзит.
Се очекува двајцата лидери да дискутираат за рамката за идниот однос меѓу двете страни, за што се уште нема согласност.
-
Свет 21.11.2018 11:48
Барање за истрага од ОН за убиството на Кашоги
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу најави дека Анкара не е задоволна од соработката со Ријад за истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, така што би можела и формално да побара во истрагата да се вклучат и Обединети нации.
-
Свет 21.11.2018 11:01
САД со санкции против ирански и руски фирми
Соединетите Американски Држави санкционираа девет лица и компании за кои се тврди дека се вклучени во руска и иранска шема преку која сириската Влада добивала милиони барели нафта, што е прекршување на американските санкции.
-
Свет 20.11.2018 15:18
Жртви во железнична несреќа во Шпанија
Еден човек загина, а десетици се повредени откако патнички воз излета од шините недалеку од Барселона.
Инцидентот се случил поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата. Возот превезувал 150 патници.
-
Свет 20.11.2018 13:27
Косово не влезе во Интерпол
Косово не успеа да обезбеди членство во Интерпол. Ни по вториот круг на гласање не доби двотретинско мнозинство во светската полициска организација. Против гласале 51 држава, за – 68, додека пак 16 биле воздржани.
-
Свет 20.11.2018 13:23
Јемен: Обновени битки, прекршено примирје
Нови борби во Јемен и покрај договорот за прекин на огнот меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и бунтовничките Хути. Воените воздухоплови продолжија со бомбардирањето по судирот на бунтовниците со провладините сили.
-
Свет 20.11.2018 11:33
Гватемала: Евакуација поради вулканот Фуего
4.000 луѓе се евакуирани од областите околу активираниот вулкан Фуего во Гватемала кој почна со голема брзина да исфрла пепел, лава и гас. 2.000 лица се во засолништа.
-
Свет 20.11.2018 11:13
Австралија: Уапсени осомничени терористи
Австралиската полиција уапси тројца мажи со турско потекло осомничени дека подготвувале терористички напади на неколку локации во Мелбурн.
Пред неколку недели, Сомалиец, член на Исламска држава, запали возило, прободе три лица, од кои едното почина.










