• Свет 30.11.2018 12:53

    Најтензичен Самит на Г- 20

    Кремљ жали што американскиот претседател Трамп го откажа состанокот со неговиот руски колега Путин поради инцидентот меѓу Украина и Русија во теснецот Керч бидејќи, според портпаролот Песков, се пропушта можноста да се разговара за важни прашања.

  • Свет 30.11.2018 12:31

    Умерен земјотрес во областа на Мраморно Море

    Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во областа на Мраморното Море. Епицентарот бил во Чанарџик, на длабочина од околу 14 километри.

  • Свет 30.11.2018 12:05

    Сирија собори ракети југозападно од Дамаск

    Сириската противвоздушна одбрана собори неколку ракети над југозападното предградие на Дамаск, Ал Кисва. Неименуван претставник на Армијата соопштил дека одбраната отворила оган врз непријателски цели и соборила неколку од нив.

  • Свет 30.11.2018 11:52

    Мадрид и Лондон потпишаа четири меморандуми

    Шпанскиот министер за надворешни работи Жозел Борел изјави дека Шпанија и Велика Британија потпишале меѓусебна согласност околу прашањето за Гибралтар.

  • Свет 30.11.2018 11:03

    Дводневен самит на Г20

    Најновата криза меѓу Русија и Украина и трговската војна меѓу САД и Кина во центарот на годинашниот самит на Г20 во Аргентина. Американскиот претседател Трамп го откажа состанокот со неговиот руски колега Путин поради инцидентот меѓу Украина и Русија во теснецот Керч.

  • Свет 29.11.2018 16:38

    Уапсен маж кој се обидел земе 20 заложници

    Најмалку четворица луѓе биле повредени откако 28-годишен маж се обидел да земе 20 луѓе за заложници во италијанскиот град Фиуџи. Италијанските медиуми пренесуваат дека мажот бил уапсен, при што биле повредени еден офицер од карабинерите, двајца полицајци и една жена.

  • Свет 29.11.2018 13:24

    Расте напнатоста меѓу Украина и Русија

    Растат тензиите меѓу Киев и Москва откако Русија ги блокираше украинските пристаништа во Азовско Море. Украинскиот министер за инфраструктура соопшти дека две украински пристаништа во Азовско Море, Бердјанск и Мариупол, се под руска блокада и е забранет влезот и излезот од нив.

  • Свет 29.11.2018 12:44

    Пелоси кандидат за претседател на Долниот дом

    Демократите во Претставничкиот дом ја номинираа Ненси Пелоси за нов претседател на Долниот дом на Конгресот на САД. Пелоси веќе ја извршуваше таа функцијата во периодот 2007-2010 година.

  • Свет 29.11.2018 11:54

    Грузија: Саломе Зурабишвили победик на изборите

    Саломе Зурабишвили, поддржана од владејачката партија „Грузиски сон“, победи на претседателски избори во Грузија, освојувајќи речиси 60 насто од гласовите. Сепак, опозицијата ѝ ја оспорува победата.

  • Свет 29.11.2018 11:17

    Гутереш: Повеќе храброст за справување со проблемите

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика лидерите на земјите од Г-20 да заземат посилна лидерска улога и да преземаат похрабри акции заради справување со критичните проблеми предизвикани од климатските промени кои водат до нееднаквост на планетата.

Pages