Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис е во ненајавена посета на Авганистан. Во делегацијата е и началникот на оружените сили на САД, генерал Џозеф Данфорд.
-
Свет 07.09.2018 12:30
-
Свет 07.09.2018 12:00
Вашингтон: Има докази за подготовки за хемиски напад во Идлиб
Има многу докази дека сириската влада подготвува употреба на хемиско оружје во регионот Идлиб на северозапад во Сирија, изјави новиот американски пратеник за Сирија, Џим Џефри.
Тој предупреди дека каков било напад врз бунтовничката енклава би претставувал „невнимателна ескалација“.
-
Свет 07.09.2018 11:12
Предупредување за Русија за „Новичок“
Британија, САД, Франција и Канада испратија заедничка порака до Русија во која побараа од Москва да ги открие деталите за својата програма за развој на хемискиот отров „Новичок“.
-
Свет 07.09.2018 10:43
Крвава претседателска кампања во Бразил
Жаир Болсонаро, претседателскиот кандидат од крајната десница во Бразил, е ранет со нож за време на предизборен митинг. Медициснкиот тим соопшти дека процесот на закрепнување ќе трае со месеци.
-
Свет 07.09.2018 10:31
Во Брисел продолжува дијалогот Белград - Приштина
Во Брисел денеска продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина, а портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека српскиот претседател Вучиќ и косовскиот претседател Тачи, со посредство на шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, ќе продолжат да работат на сеопфатната
-
Свет 06.09.2018 14:12
Сослушување на првите луѓе на Фејсбук и Твитер во Сенатот
Претставници на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер сведочеа пред Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, за злупотребата на овие мрежи од странските разузнавачки служби што влијае врз американската политика.
-
Свет 06.09.2018 13:13
Подем на ултрадесничарите по случувањата во Кемниц
Премиерот на германската покраина Саксонија Михаел Кречмер тврди дека биле преувеличени извештаите за насилствата во антимигрантските протести во Кемниц.
-
Свет 06.09.2018 13:06
По земјотресот, лизгање земјиште во Хокаидо
Земјотрес со јачина од од 6,7 степени по Рихтер го погоди јапонскиот остров Хокаидо. Загинаа десетина луѓе. Има и повредени и исчезнати. Сеизмолозите наведуваат дека потресот бил на длабочина од околу 40 километри, по што предизвикал лизгање земјиште, во кое биле повредени многу луѓе.
-
Свет 06.09.2018 11:06
Зехофер: Mиграциjaта е коренот на сите проблеми
За германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, миграцијата е коренот на сите проблеми. Изјави дека ги разбира луѓето што демонстрираат во Кемниц по убиството на 35-годишен маж.
-
Свет 06.09.2018 10:53
Нов меѓукорејски состанок од 18-ти до 20-ти септември
Третиот самит на лидерите на двете Кореи Ким Јонг-ун и Мун Џае-ин е закажан во Пјонгјанг од 18-ти до 20-ти септември.
Тема на разговорите повторно нуклеарното разоружување, вклучувајќи и практични мерки за процесот на денуклеаризација на Полуостровот.





