Еден човек загина, а десетици се повредени откако патнички воз излета од шините недалеку од Барселона.
Инцидентот се случил поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата. Возот превезувал 150 патници.
Еден човек загина, а десетици се повредени откако патнички воз излета од шините недалеку од Барселона.
Инцидентот се случил поради свлечиште меѓу градовите Терас и Манреса во североисточниот дел на земјата. Возот превезувал 150 патници.
Косово не успеа да обезбеди членство во Интерпол. Ни по вториот круг на гласање не доби двотретинско мнозинство во светската полициска организација. Против гласале 51 држава, за – 68, додека пак 16 биле воздржани.
Нови борби во Јемен и покрај договорот за прекин на огнот меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и бунтовничките Хути. Воените воздухоплови продолжија со бомбардирањето по судирот на бунтовниците со провладините сили.
4.000 луѓе се евакуирани од областите околу активираниот вулкан Фуего во Гватемала кој почна со голема брзина да исфрла пепел, лава и гас. 2.000 лица се во засолништа.
Австралиската полиција уапси тројца мажи со турско потекло осомничени дека подготвувале терористички напади на неколку локации во Мелбурн.
Пред неколку недели, Сомалиец, член на Исламска држава, запали возило, прободе три лица, од кои едното почина.
Човек кој извикувал „Алах акбар“ прободе полицаец пред полициската станица во центарот на Брисел во богат дел од белгискиот главен град. Властите ги испитуваат мотивите на нападот.
Фатална семејна расправа во болница во Чикаго.
Протести и на француските „жолти елеци“ против зголемувањето на цените на горивата. Освен патишта, блокираа и резервоари за нафта и бензин.
Стотици жители на мексиканскиот град Тихуана протестираа против мигрантскиот карван од Централна Америка кој се движи кон САД. Незадоволни се што владата ќе ги троши нивните пари за дојденците кои ги сметаат за безбедносна закана. Во последните денови пристигнале околу 3000 мигранти.
Земјотрес од 6,9 рихтери е регистриран во близина на брегот на островот Фиџи. Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот бил 253 километри југоисточно од градот Ламбаса, во кој живеат 28.000 луѓе.