Во руското одморалиште Сочи почна мировната конференција за иднината на Сирија организирана од Русија, Иран и Турција. Конференцијата ќе трае два дена, а главната расправа е закажана за утре.
-
Свет 30.01.2018 15:16
-
Свет 30.01.2018 13:51
САД: Повторно влез за бегалци од 11 земји
САД ќе продолжат да примаат бегалци од 11 земји, претежно од Блискиот Исток и Африка кои беа окарактеризирани како високо ризични.
-
Свет 30.01.2018 12:54
Мировна конференција за Сирија
Во руското одморалиште Сочи почна мировната конференција за иднината на Сирија организирана од страна на Русија, Иран и Турција. Настанот ќе трае два дена, а главната расправа е закажана за утре.
-
Свет 30.01.2018 10:55
Вашингтон: Нема нови санкции за Русија
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го информираше Конгресот дека нема да воведе никакви нови санкции кон Русија.
Стејт Департментот на САД смета дека законите кои беа донесени минатата година во доволна мерка спречуваат трговија со руската одбранбена индустрија.
-
Свет 30.01.2018 10:20
Каталонците избираат нов лидер
Каталонските пратеници денеска треба да го изберат новиот лидер на шпанската покраина Каталонија, која поради референдумот за независност предизвика политичка криза.
-
Свет 29.01.2018 16:55
Усвоени нови насоки околу преговорите за Брегзит
На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите- членки на ЕУ, усвоени нови насоки околу преговорите за Брегзит, кои треба да го олеснат транзицискиот период на Британија откако официјално ќе ја напушти Унијата следната година.
-
Свет 29.01.2018 15:36
Утре во Сочи состанок за Сирија
Во пресрет на утрешниот конгрес за дијалог во Сирија што ќе се одржи во Сочи, Русија, портпаролката на руското Министерство за наворешни работи, Марија Захарова го потврди присуството на курдската делегација.
-
Свет 29.01.2018 13:26
ИСИС ја нападна воената академија во Кабул, најмалку 11 загинати
Исламска држава презеде одговорност за нападот врз воената база во авганистанската национална армија која ја штити воената академија „Маршал Фахим“, западно од престолнината Кабул, во кој учествувале петмина екстремисти. Во нападот биле убиени најмалку 11 војници, а шеснаесетмина биле повредени.
-
Свет 29.01.2018 12:12
Париз: Нивото на Сена достигна речиси шест метри
Нивото на реката сена во париз изминатата ноќ драстично се зголемило, достигнувајќи речиси шест метри, по што почна бавно да се намалува.
Според француските власти, Сена во еден момент достигнала ниво од 5,84 метри, што е за четири метри над нормалата.
-
Свет 29.01.2018 11:59
ИД ја нападна воената академија во Кабул
Единаесет авганистански војници биле убиени, а шеснаесетмина биле повредени во напад на воената академија во Кабул од страна на припадници на Исламска држава.
Еден од напаѓачите го активирал експлозивот што го носел на себе, по што почнала престрелка со обезбедувањето.










